1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Во редица за гориво

ЖА /ДВ
14 април 2022

Возачите на авторикши чекаат во редица пред една бензинска станица во Коломбо, во Шри Ланка, за да наточат бензин.

https://p.dw.com/p/49vG2
BdTD Sri Lanka | Warteschlange an einer Tankstelle
Фотографија: Eranga Jayawardena/AP Photo/picture alliance

Шри Ланка се наоѓа во една од најтешките економски кризи во последните децении. Во земјата не недостига само гориво, туку и храна и лекови. Шри Ланка е на работ на банкрот, а цените непрекинато растат. Со денови на улиците се протестира против државното раководство. Премиерот Махинда Раџапакса понуди средба со демонстрантите во обид да се смири нивниот гнев.