1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Вакцинирање во Бразил

19 јануари 2021

Во Бразил почна вакцинирањето против коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3o6kc
Brasilien Corona-Pandemie | Impfstart | Rio de Janeiro
Фотографија: Ricardo Moraes/REUTERS

Државата со околу 210 милиони жители засега на располагање има шест милиони дози од вакцината на кинеската компанија Синовак. Во Рио де Жанеиро први вакцина примија 80-годишната Терезина Консесиао и 59-годишната Дулчинела да Силва Лопес. Тие вакцината на Синовак ја примија кај статуата на Исус Христос, по што Дулчинела да Силва Лопес ги крена рацете како статуата, во знак на олеснување и радост. Бразил е едно од жариштата на пандемијата на коронавирусот. Досега се инфицирани 8,5 милиони луѓе, а починаа повеќе од 210.000.