1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Бенкси во англиското корона-жариште

СН/агенции
19 октомври 2020

Ново дело на мистериозниот уличен уметник Бенкси осамна на ѕид во британскиот град Нотингем, додека градот се соочува со драматичен раст на случаи на Ковид-19.

https://p.dw.com/p/3k7Iq
BDTD UK | Banksy
Фотографија: Carl Recine/Reuters

На новиот мурал на прочуениот Бенкси во Нотингем е прикажано девојче кое си игра со гума за велосипед како со хулахоп. Пред ѕидната слика пак заврзан за столб стои демолиран велосипед со само една гума. Жителите на градот го толкуваат ова како охрабрување во време на криза. Нотингем имено бележи највисоки  стапки на нови инфекции од коронавирусот во цела Англија.