1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Бадникова трпеза во пресрет на Божик

6 јануари 2022

На Бадник, ден пред големиот христијански празник Божик, според традицијата семејството се собира на заедничка вечера

https://p.dw.com/p/45CX6
Weihnachtsgalerie MSOE
Фотографија: Fotolia/vaso

Христијанските верници во Северна Македонија и во светот кои се раководат според Јулијанскиот календар, утре го празнуваат големиот празник на Христовото раѓање, Божик, а денот пред него, Бадник, се одбележува според традицијата со семејна вечера – богата, но посна трпеза.

Обичаите во различни региони варираат, а и оваа година најголем дел од традиционалните бадникови процесии и коледарски огнови и собири отпаѓаат или се приспособени на важечките епидемиолошки мерки воведени поради пандемијата на коронавирус.