1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фишер во Авганистан

20 април 2004
https://p.dw.com/p/AdEu

Со оглед на големите проблеми што ги затекнаа американските окупациони сили и нивните сојузници во Ирак, процесот на обнова во Авганистан е навистина за пример – оцени денеска шефот на германската дипломатија Јошка Фишер при посетата на Кабул. “Ова овде и не е окупација, туку соработка, помош за стабилизирање на земјата и тоа по налог на ОН“ - додаде Фишер, кој со оглед на состојбата во Ирак нагласи дека никогаш не е доцна да се научат лекциите. Сега сите надежи се свртени кон пратеникот на Светската организација Лакдар Брахими, кој веќе постигна толкави успеси во Авганистан. Фишер нагласи дека на Брахими му пошло од рака да овозможи политички консензус во земјата растргната од децениски војни. Фишер и неговиот француски колега Барние разговараа со Брахими во неделата во Париз и при тоа му дадода полна поддршка и се заложија за централна улога на ОН при преносот на власта во Ирак на 1. Јули.