1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНМИК догодина заминува од Косово!?

3 ноември 2006

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер смета дека решението за статусот на Косово треба да се донесе до крајот на годинава

https://p.dw.com/p/AdhN

Дали и кога ќе се реши прашањето со статусот на Косово, е прашањето на кое засега никој со сигурност неможе да даде одговор. Во меѓународната заедница владее поделеност во мислењата околу тоа дали решението треба да се донесе до крајот на оваа, или во текот на наредната година. Различни се и ставовите околу статусот кој би го добила покраината. Белград инсистира на задржување на суверенитетот, САД сакаат решение до крајот на годинава, ЕУ веќе прогнозираше дека тоа ќе се случи подоцна. Шефот на цивилната администрација на Косово Јоахим Рикер пак не само што смета дека годинава ќе има решение, туку е убеден и дека мисијата која тој ја предводи догодина нема да биде во покраината

“ Јас сум лично убеден дека УНМИК за една година веќе нема да биде тука, а времето треба да се почитува “изјави првиот човек на УНМИК германецот Јоаким Рикер. Тој смета дека е неопходно решението за статусот на Косово да биде донесено до крајот на годинава. Објаснува и зошто:

“ Мислам дека изјавите на контакт групата заедно со онаа на Марти Ахтисари се јасни. До крајот на годинава остана уште малку време и УНМИК смета дека решението на статусот ќе биде донесено до крајот на годинава. Тоа ќе има големо влијае врз стабилноста во регионот, а за Косово ќе има економско политичка цена“

Германскиот дипломат не сака да ја коментира изјавата на високиот преставник за надворешна политика и безбедност на Унијата Хавиер Солана дека решението за статусот на Косово можеби треба да се одложи доколку во Србија во декември се одржат избори:

“ Јас не можам да зборувам за Солана иако имам голем респект кон неговото работење. УНМИК постојано зборува колкава ќе биде економската цена доколку се одложи решението на статусот на Косово. Имам доверба во мисијата на господинот Марти Ахтисари и преставниците на контакт групата“ смета Рикер