Унгарија- маски, медиуми и малцинства
25 април 2020„Напред Унгарија“ пишува на кутиите со кинески знаци. Се нижат картони во транспортниот авион. „Над 80 милиони заштитни маски“ испратија Кинезите во Унгарија, објаснува министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, преку медиумите. Секогаш повторно зборува за „воздушниот мост“ меѓу Кина и Унгарија. Еден дел од медицинската помош Унгарија го дели со земјите во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина и Србија. Но, и на припадниците на унгарското малцинство во соседството. „Секој Унгарец е одговорен за секој Унгарец“, порачува овој политичар преку својата Фејсбук страница. Затоа и се испраќа помош на Унгарците во дијаспората кои според некои проценки се околу два милиона.
Разубавување на имиџот меѓу земјите од Западен Балкан
Галериите со фотографии на неговиот Фејсбук профил покажуваат хиперактивен политичар при распределбата на медицински добра во земјите од Западен Балкан. „Овие гестови се нешто како долгорочни инвестиции“, вели советникот во владата Золтан Кисели. Помошта служи за подобрување на имиџот во стратешки важниот регион. „Унгарија сака да профитира како мала регионална сила“, вели овој политиколог за ДВ. И фактот дека по датумот за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ на Албанија Унгарија го продава како сопствена заслуга што е и „подбуцнување“ упатено во насока на Брисел.
Министерот за надворешни работи Сијарто изрази задоволство што „еден унгарски еврокомесар во неколку месеци го постигна она што не му појде од рака на Советот на ЕУ со години“. Тој мисли на новиот еврокомесар за проширување во ЕУ, Унгарецот и соработник на Орбан, Оливер Вархеји.
Повеќе:
-„Дали со овластувањата Орбан поефикасно се справува со коронавирусот?“
-Автократите ја сакаат пандемијата
„Фидес“ (конзервативната партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан) сака да го зголеми бројот на соработници во ЕУ“, вели Тамас Бодоки, основач на унгарската истражувачка страница Алтатсзо.ху. со ЕУ членката Словенија и со останатите западнобалкански земји кои би можеле да станат проширена Вишеградска група.„Владата се интересира и за резервите на плин во Азербејџан“, вели советникот Кисели. Таму унгарскиот државен концерн МОЛ е активен, а цел е да се намали зависноста од Русија. На крајот на Будимпешта и' е важно и блокирањето на мигрантските текови далеку од сопствените граници. Но, се работи и за извоз на унгарска идеологија. „Да се вовлече во сопственичките структури во медиумите во Словенија и во С. Македонија е дел од политичката стратегија како подобро да се продадат сопствените позиции“, објаснува Кисели.
Идеологија преку медиуми
Медиумите блиски до владата во Унгарија се „идеологизирани, еднострани и антидемократски“, вели за ДВ истражувачкиот новинар Тамас Бодоки. Унгарија овој модел, како што вели, сега би сакала да го извезе. Истовремено сака да се потпре на партиите блиски до владината Фидес и да ја извезе нејзината идеологија која би можело да се сведе на поимот „нелиберална демократија“. Поради тоа унгарските медиумски менаџери радо вложуваат во медиумите кои ги поддржуваат пријателите на Орбан, како што се словенскиот премиер Јанез Јанша или поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Заедничко за двајцата е тоа што дома веќе беа осудени за корупција. Груевски затворот го избегна со бегство од Македонија со помош на унгарски дипломати. Сега во Будимпешта ужива заштита од унгарската влада.
„Унгарските вложувања во медиумите во соседството отвораат голем потенцијал за уцена“, смета Даниел Барта од Центарот за евроатлантска интеграција и демократија во Будимпешта. Бидејќи овие медиуми зависат од унгарски пари. „Нашата политика кон Западен Балкан им служи пред сѐ на економските интереси“, смета овој стручњак. Долгорочно гледано се работи за енергетскиот сектор, можности за вложување за унгарските компании, трговски патишта и сообраќајни проекти, како пругата Белград-Будимпешта која треба да ја реализираат Кинезите. Унгарија тука делува во европски интерес. „Во суштина се работи за тоа овие земји да станат членки на ЕУ, а не да паднат под влијание на други држави“, значи на Русија, Кина, Турција или на арапските земји.
Нео-десничарска мрежа?
Но, кој инвестерира во балканските медиуми? Со истражувања новинарите од неколку земји дојдоа до податоци дека во овие процеси се појавуваат главно три имиња: двајца поранешни менаџери во државната унгарска телевизија, Петер Шац и Агнес Адамик. Тие во меѓувреме имаат удел во над 10 дневни весници, интернет страници и телевизиски мрежи во С. Македонија и во Словенија. Исто така, купувало и друштвото околу Арпад Хабони, кој во меѓувреме во Лондон ја поседува медиумската агенција Х4НА, кој според сопствените наводи, сака да пружи „конзервативен и десничарски поглед на клучните прашања“.
Тимот од околу 15 новинари главно пишува приказни за „Опасностите од миграција“, како што пренесува британски Гардијан. Активниот каратист Хабони важи за мозокот кој стои зад многу кампањи на унгарската влада.
Повеќе:
-Страв од „Ковид-диктатура“ во Европа
-Корона-криза во ЈИЕ: Карантин за правната држава
И поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп и основач на десничарската платформа „Брајтбарт“, Стив Бенон оствари неколку посети на Будимпешта во 2018 година каде најави формирање на т.н. „Воени простории“ (War Rooms) во Европа. „Овде се создава вистинска мрежа на нео-десничари“, вели културологот Магдалена Маржовски.
Симболичен ревизионизам
„Унгарија е нација која не се совпаѓа со границите на оваа држава“, го аргументира министерот Сијарто ангажманот за Унгарците во дијаспората. Според Маржовски, зад неговата грижа за сонародниците во Војводина, Романија, Украина и во Словачка, се крие великоунгарската идеја заснована на етносот. „Во овие региони, унгарската влада води политика како тие сè уште да и припаѓаат на Унгарија“, вели оваа научничка. Таа, како пример ја наведува потрагата на ресорниот унгарски министер по лекари во Трансилванија.
Многу пари одат и за унгарските медиуми во овој дел на Романија, каде живее унгарското малцинство. „За возврат, Будимпешта очекува Унгарците во Трансилванија да гласаат за Фидес, што тие и го прават“, вели новинарот Бодоки. Орбан може да смета на поддршката на 1,5 милиони Шекели, како што се нарекуваат Унгарците во Трансилванија.
Имагинарната надвор од границите на постоечката за Бодоки преставува „симболичен ревизионизам“.Оваа година се одбележува 100-годишнината од мировниот договор Трианон, со кој Унгарија загуби две третини од својата територија. Трауматичното искуство од Трианон, според Маржовски е храна за „митот на жртва“ на Унгарците како губитници на историјата.