1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ужаснатост поради нападот врз селското училиште

СН/агенции
9 мај 2022

Генералниот секретар на ОН го осуди убивањето на цивили во регионот на Луганск. Според украински извори во гранатирањето на училиштето во местото Билогоривка загинале најмалку 60 лица.

https://p.dw.com/p/4B16D
Урнатините на гранатираното училиште во Билогоривка, место во регионот Луганск
Урнатините на гранатираното училиште во Билогоривка, место во регионот ЛуганскФотографија: Ukrainian State Emergency Service/AFP

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, е „ужаснат“ поради бомбардирањето на училиштето на истокот на Украина во кое настрадаа луѓе, според наводите на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и побара цивилите да бидат поштедени, соопшти денеска неговиот портпарол.

„Генералниот секретар е ужаснат од нападот на 7 мај на училиште во Билогоривка во Украина, каде многу луѓе, како што изгледа, побарале засолниште од тековните борби“, изјави портпаролот на генералниот секретар Стефан Дижарик во соопштението.

Гутереш повторно нагласи дека цивилите и цивилните инфраструктури треба секогаш да бидат поштедени во време на војна, и додаде дека овој напад повторно потсетува оти „во оваа војна како и во многу други конфликти, цивилите ја плаќаат највисоката цена.

По бомбашкиот напад во саботата на училиштето во селото Билогоривка, во Луганската област на истокот на Украина, како исчезнати се водат 60 луѓе кои таму се засолниле, соопшти во саботата на 7 мај гувернерот на Луганската област Сергеј Гајдај. Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак вчера изјави дека 60 луѓе загинеле во тоа училиште. 

Украинска учителка ги продолжува предавањата

Зеленски: Русија ќе загуби, бидејќи злото секогаш губи

Спроти Денот на победата, додека војната беснее во неговата земја, украинскиот претседател изјавио дека Русија „заборавила сѐ што било важно за победниците во Втората светска војна“:

Тој рече дека целиот слободен свет може да види оти Украина е „добрата страна во војната“, додавајќи дека „Русија ќе загуби, бидејќи злото секогаш губи“.

Западните лидери, исто така, искористија можност за Денот на победата да ги осудат руските акции во Украина.

Медведев: Русија нема да молчи за препородбата на неонацизмот во Украина

Москва нема да го толерира слепилото на оние кои не го забележуваат оживувањето на неонацизмот во Украина, порача заменикот на претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Димитри Медведев, на каналот Телеграм.

„Не можеме и не сакаме да ја толерираме врескачката тишина, одвратното слепило кое не го забележува оживувањето на неонацизмот во Украина. И нема. Во име на сеќавањето на нашите 27 милиони граѓани кои ги положија своите животи за да ја уништат „кафеавата чума“, рече меѓу другото Медведев.