1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција пред итни безбедносни предизвици

Седа Сердар / Превод: СН22 јули 2015

По терористичкиот напад во Суруч во Турција треба да се преземат сериозни безбедносни мерки не само на границата, туку и внатре во земјата, смета Седа Сердар, авторка на следниов коментар.

https://p.dw.com/p/1G2Ap
Фотографија: picture-alliance/AA/R. Maltas

Теорористичкиот напад во Суруч ,кој однесе 30 животи и остави 104 повредени луѓе, ја шокираше Турција. Нападот се случи за време на собирот на социјалистичката младинска федерација во градот на границата со Сирија. Турската влада смета дека Даеш, исто така позната како Исламска држава на Ирак и Левант (ИДИЛ) ,е одговорна за бомбашкиот атентат. Нападот се случи веднаш по Рамазанските празнувања, во време кога требаше да се одржи втората рунда средби за формирање владина коалиција на чело со премиерот Ахмет Давутоглу. Најголем дел од жртвите во нападот беа студенти по право, психологија и социологија.

Турската политика кон Сирија сега е под поголема критика од кога било порано. Иако и досега се случуваа напади на турска територија изведени од престапници со потекло од Сирија, тоа не беше перцепирано како голема закана. Недостатокот од соодветна контрола на границите создаде многу проблеми. Меѓународната заедница исто така ја критикуваше турската надворешна политика во Сирија и протокот на странски борци низ земјата на пат за Сирија. Иако турските безбедносни сили ги зголемија контролните мерки, најкврвавиот напад по 2013 година, јасно покажува дека овие мерки не се доволни.

Seda Serdar Kommentarbild App
Седа Сердар

Турција очигледно се пресмета за влијанието кое војната која се одвива во соседството може да го има врз земјата. Потенцијалното префрлување на конфликтот меѓу Курдската демократска Унија (ПИД) - која е уште позната како сириски еквивалент на Курдската Работничка Партија (ПКК) во Турција - и Даеш беа потценети. По нападот во Суруч, турските експерти за тероризам предупредуваат од натамошни напади на територијата на земјата.

На вчерашната прес-конференција, премиерот Давутоглу потсети на претходните терористички напади, истакнувајќи: „Ал Каеда, ПКК и Даеш имаат ист начин на размислување додека ги изведуваат тие напади“. Значи веднаш по терористичкиот напад во Суруч, Давутоглу ги повика сите политички партии во заедничка декларација да го осудат тероризмот и да заземат заеднички став.

Меѓутоа, во Турција одамна минаа времињата на потпишување на декларации на намери. Треба да се преземат сериозни безбедносни мерки не само на границата, туку и внатре во земјата. Исто така, итно треба да се реагира во однос на загрижувачките индиции за постоење на ќелии на Даеш во самата Турција. И конечно, политичките партии мора да ги забрзаат преговорите за формирање коалициска влада и да формираат нова влада. Изгледа дека само нова влада со свеж поглед на овие проблеми може да ја одведе Турција кон подобра и безбедна иднина.