1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турција - еден тежок сојузник

Кристоф Хазелбах Превод: А.Трајковска 8 октомври 2014

Турција би можела да сопре масакр од страна на Исламската држава (ИД) директно на нејзината граница. Зошто не го прави тоа, прашува Кристоф Хазелбах.

https://p.dw.com/p/1DRxB
Syrien Kobane Kämpfe 05.10.2014
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP Photo/Lefteris Pitarakis

Милициите на Исламската држава стојат непосредно пред турската граница, во завојуваниот сириски град Кобане. Од турска страна може да се видат нивните црни знамиња. Во Кобане пред очите на турската војска постои непосредна закана за крвопролевање меѓу курдските цивили. Меѓутоа Турција досега не напаѓа. Парламентарна одлука има. Претседателот Реџеп Таип Ердоган во секој момент може да ја ангажира војската во Сирија против борците на Исламската држава. Но, тој се колеба. Притоа НАТО членката Турција, по САД располага со најопсежните копнени трупи во Сојузот. Тоа идеално би можело да ги надополни воздушните напади на САД. Експертите секако се единствени дека борбата против Исламската држава е безизгледна без копнени трупи. Оттука Турција има веројатно клучно воено значење, да се стави крај на убиствата на фанатичните ИД милиции.

Досега не е случај за НАТО

Случај за НАТО состојбата засега не е. Со исклучок на поединечни гранатни удари нема напад на ИД на турска територија. Исто така и турската енклава во Сирија со мавзолејот на Сулејман Шах, кого Турците го сметаат за дедо на првиот османлиски султан, досега е неоштетен, иако ИД ја контролираат околната територија. Дали партнерот на НАТО напад врз ексклавата би го третирал како сојузнички случај е нејасно. Но, при напад врз Турција земјата без сомнение би можела да прогласи таков случај. Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг изречно кажа дека сојузот ги штити „интегритетот и границите на Турција“.

Тивки симпатии за ИД?

Но, за тоа не станува збор во моментов. Западните НАТО-сојузници се сомневаат во мотивите на Ердоган. Американскиот вицепретседател Џозеф Бајден ја критикуваше Турција, дека за да го отстрани сирискиот претседател Башар ал Асад поддржувала џихадисти. Бајден подоцна се извини, и Турција таа работа ја прогласи за завршена. Но, заменикот на Барак Обама го кажа она што многумина го мислат на западот: дека Турција најмалку до одредена степен симатизирала со ИД или до неодамна симпатизирала. Кон ова има сѐ повеќе укази дека за ослобудавњето на турските заложници на ИД биле ослободени џихадисти од турските затвори, исто и некои од ЕУ државите. Сето ова го поткопува и онака затегнатиот однос на западот кон турската влада.

Christoph Hasselbach
Кристоф ХазелбахФотографија: DW/M.Müller

Анкара очекува многу

Што е стратегијата на Ердоган? Факт е дека се наоѓа во тешка ситуација. Ако застане рамо до рамо со САД во борбата против ИД мора да стравува од исламистички напади во сопствената земја. Освен тоа тој не сака да станат прејаки ниту Асад ниту Курдите. Мора да се има предвид дека милитантните Курди беа со децении внатрешен непријател број еден за Турција. Првичниот аргумент на Ердоган, сѐ додека турски заложници се во рацета на исламистите, врзани му се рацете, засега веќе не држи. Меѓутоа Турција поставува услови за учество во борбата против ИД. Отстранување на претседателот Асад, на „сатаната“, како што се изрази турскиот премиер Ахмет Давутоглу, треба да остане цел. Исто така коалицијата предводена од САД би требало да создаде тампон зона во Сирија. Тампон зоната од една страна би требла да го штити курдското цивилно население - кои тогаш нема да морат да бегаат преку границата во Турција - и за Турција ќе претставува воена безбедност. Со други зборови Турција очекува опсежна безбедносна стратегија и за периодот по победа на ИД. Меѓутоа тоа се преголеми барања од една лабава колација, која се чини е преоптоварена со задачите кои самата ги постави.

Турција можеби има делумно разбирливи причини за нејзиното колебање и одмерување. Но, времето за стратегиски игри мора да биде минато. Турската војска неможе да гледа, како пред нејзините очи борците на ИД го масакрираат курдското цивилно население. Ако Турција го допушти тоа, светската јавност ќе ја направи соодговорна за тоа.