1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Загубена година“ за турскиот туризам

Арам Екин Дуран/ Синем Оздемир/сн12 август 2015

Турција е позната како популарна дестинација за летните одмори. Но сѐ повеќе посетители се загрижени поради ескалацијата на терористичките напади, како последниот врз американскиот конзулат во Истанбул.

https://p.dw.com/p/1GD6i
Фотографија: picture-alliance/ZB/J. Kalaene

Турција стана шестата најатрактивна туристичка дестинација во 2014 година - со 42 милиони посетители. Годишните приходи на земјата од туризмот достигнуваат 30 милијарди долари. Сепак, по неодамнешните терористички напади и безредијата по бомбашкиот напад во Суруч се зголеми загриженоста за безбедноста во Турција. Заедно со овие проблеми, владините операции против теророт на милицијата Исламската Држава и против курдската ПКК доведоа до драстично намалување на вкупниот приход од туризам.

Турскиот институт за статистика (TУИK) укажува на пад од 13,8 насто во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период во 2014. година.

Девет земји издадоа предупредувања за патување во Турција

Падот на турскиот туризам започна во минатата година, кога ЕУ воведе санкции против Русија поради кризата во Украина. Турција, која пречекува околу 4,5 милиони руски туристи секоја година, се соочи со 30 насто намалување на руските посетители како резултат на економската криза во Русија.

Türkei Angriff auf US-Konsulat in Istanbul
Сцена по нападот врз конзулатот на САД во ИстанбулФотографија: picture-alliance/AA/B. Ozan

Граѓански војни во соседните земји како Ирак и Сирија, истотака придонесоа за помал број на туристи во Турција. Операциите на турските безбедносни сили против ПКК и Исламска држава предизвикаа растечка загриженост во однос источна Турција, како и вво однос одморалишта на Средоземното Море и Егејското крајбрежје.

По смртоносниот напад во Суруч, девет земји - вклучувајќи ги и Германија и Русија - издадоа предупредувања за патување за граѓаните, обесхрабрувајќи ги да патуваат во пограничните региони на Турција. Други седум земји - Нов Зеланд, Австралија, Италија, Велика Британија, Полска, Ирска и Канада - ги предупредија своите граѓани да ги избегнат источните турски градови. Некои, истотака им препорачаа на граѓаните да бидат претпазливи при користењето на јавниот транспорт во големите градови.

„ Се обидуваме да докажеме дека Турција е безбедна“

Со оглед на ваквиот развој на настаните, 2015. би можела да биде „загубена година“ за турскиот туризам. Од другастрана, владата избегнува да ја коментира ваквата негативна слика. Заменикот -министер за култура и туризам. Абдурахман Ариџи за новинската агенција Анадолу изјави дека постојат напори да се создаде имиџ а Турција како „опасна земја“. Со цел да се промени ова, министерството организираше презентации во Европа, додаде Ариџи. Според министерот , на тој начин биле привлечени околу 200 илјади германски туристи повеќе.

По терористичкиот напад во Суруч
Фотографија: picture-alliance/AA/R. Maltas

Меѓутоа, туристичките работници и натаму се загрижени поради дитуацијата. Џем Полатоглу, директор на Платформата на туристички оператори, за ДВ изјави дека турскиот туризам бил подготвен да се справи со последиците од руската економска криза- но неочекованите терористички напади се сериозен проблем за овој сектор. Многу туристи избегнаа да патуваат во источна Турција поради нападите на ПКК и воените операции на владините сили. Според Полатоглу, не се очекува ситуацијата да се подобри во скоро време. Тој истотака смета дека растечкиот број на бегалци во одморалиштата како Бодрум негативно влијае врз трускиот туризам.

Пониски цени за да се привлечат туристи

Друг град кој губи посетители поради бегалската криза е Измир. Мехмет Ишлер, претседател на Егејската унија на туристички агенции и сместувалишта вели: „Хуманитарната трагедија доведува стотици илјади луѓе на нашето крајбрежје, кои се обидуваат да избегаат во Европа. Сите паркови и градини во Измир се преполни со бегалци“. Според Ишлер, во моментов во Измир има околу 130 илјади сириски бегалци. „Не растажува тоа што сме сведоци на ваква трагедија. Меѓутоа, ова е многу лошо за туризмот за време на главната сезона а Меѓународниот саем во Измир“, вели тој.

Bildergalerie Die wichtigsten Party-Ferienorte der Deutschen Bodrum
Бодрум е преполн со бегалци од СиријаФотографија: picture alliance / Robert Harding

Ишлер смета дека растечката исламофобија ширум Европа истотака влијае врз турскиот туризам. „Ривалските туристички дестинации сега се обидуваат да привлечат повеќе гости, користејжи ја нашата моментална ситуација. За да го задржиме она што го имаме, ги намаливме цените за 25 проценти. Ако не го сторевме тоа, бројот на туристи ,кои доаѓаат во Турција, ќе се намалеше уште повеќе.“, вели Ишлер. Тој проценува дека приходите засновани на туризмот во Турција во 2015 година ќе се намалат за повеќе од 5 милијарди долари. За да се спречат натамошни загуби, на Турција ѝ е потребен итен владин план, вели Ишлер, додавајжи дека 2016 би можела да биде уште полоша туристичка година, доколку имиџот на неговата земја во Европа не се поправи. Во истовреме, неуспехот да се формира нова влада во земјата по последните парламентарни избори ситуацијата во туризмот ја прави уште потешка.