1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тунис е во шок

Александер Гебел/Ж.А.27 јуни 2015

Во Тунис вчера (26.06) во терористички напад се убиени 39 луѓе во летувалиштето Сус. Студент на хотелска плажа извади оружје и целно убиваше туристи пред да биде совладан од обезбедувањето. Одговорноста ја презеде ИД.

https://p.dw.com/p/1FoN5
Фотографија: Getty Images/AFP/Fethi Belaid

Еден ден по нападот во тунискиот град Сус, плажите се празни, во хотелите сега се сместени новинарите. Зашто, летувалците расплакани стојат во фоајето на хотелот Империал Мараба со спакувани куфери. Овде сакаа да го поминат најубавиот период од годината, а сега се среќни конечно да можат да го напуштат ова место.

„Сакам само да си одам дома. Овие напади и многуте мртви, овде нема веќе забава,“ вели еден Германец.

Летувалците воопшто не спиеја, многумина од нив уште ноќеска се спакуваа и со вонредни автобуси се пренесени до аеродромот во близина на градот Хамамет. Еден британски турист вели:

„Многу ми е жал за вработените во овој хотел, зашто сите овде живеат од туризмот. Но, како можеме овде да се чувствуваме безбедни? На одмор човек сака да се опушти!“

Британскиот туристички концерн Томсон најави испраќање на десет авиони во Тунис за да ги врати дома околу двеипол илјади туристи. Во авионот на чартер авионот на германскиот туристички гигант ТУИ е тим од специјални соработници, кои на враќањето дома треба да се грижат за трауматизираните луѓе.

Зашто, настаните од вчера на сите им се влезени во коски. Сликите никој не може да ги избрка од главата. Младиот напаѓач кој од чадорот за сонце извлекува калашников, убива десетици луѓе прво на плажата, потоа кај хотелскиот базен и во фоајето.

Tote bei Anschlag auf Marhaba Hotel in Sousse Tunesien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AA/Stringer

Една жена раскажува:

„Лежевме покрај базенот. Одеднаш чувме истрели, од плажата дотрчаа луѓе, јас се скрив под лежалката, смртно бевме исплашени, потоа избегавме во подрумот, сакавме само да сме што подалеку.“

„Напаѓачот фрли гранати во базенот и пукаше насекаде околу хотелот, сите го чувме тоа“, дополнува друга жена.

Тунискиот премиер Хабиб Есид во меѓувреме потврди дека меѓу жртвите има и Германци. Мнозинството од убиените се Британци, но има и Французи и Белгијци. Терористичката милиција Исламска држава преку Твитер ја презеде одговорноста за нападот, исто како и во март за нападот во музејот Бардо, кога беа убиени 21 странски турист. Туниската влада му објави војна на теророт, треба да бидат затворени 80 џамии и забранети бројни здруженија и партии.