1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трета интифада би била полоша од првите две

Блер Канингам / Александра Трајковска 7 јули 2014

По смртта на три изралески момчиња и еден палестински тинејџер се зголемуваат тензиите во Израел. Луѓето на улиците стравуваат од почеток на уште едно палестинско востание - интифада.

https://p.dw.com/p/1CWm5
Фотографија: DW/K. Shuttleworth

„Тоа е полошо од првата и втората интифада“, вели Мохамед Абу Кедаир. „Јас само сакам да престанат омразата и крвопролевањето!“. Овој 46-годишен Палестинец е близок роднина на родителите на 17-годишното момче, што беше убиено минатата среда.

Тензиите меѓу Палестинците и Евреите ескалираа откако прво беа киднапирани и потоа убиени тројца израелски тинејџери. А по насилната смрт и на младиот Пелстинец изминатата среда зовре напанатоста на улиците на палестинско-арапската населба Шуафат во Источен Ерусалим и гневот се изрази преку насилни судири меѓу израелските сили за безбедност и младите Палестинци. Се фрлаа канти за ѓубре и беа запалени трамвајски постојки и згради и уништени семаформи. Во четвртокот состојбата во Шуафат се смири, но вандализмот продолжи.

Мохамед Абу Кедаир, кој живее во Источен Ерусалим, стравува дека насилството би можело натамошно да ескалира. Своите деца ги држи понастрана од населбата Шуафат. „Не сакам моите деца да мораат да го гледаат тоа, тие се сѐ уште мали. Затоа сакам да бидат понастрана од оваа населба“.

„Варварски чин“

Овој Палестинец смета дека е страшно она што се случи со 17 годишниот тинејџер. „Тоа што го запалиле неговото тело, го шокира секого. Да се има почит пред едно мртво дело, значи тоа да не се пали. Тоа беше варварски чин. Еврејски пријатели ми се јавија во четвртокот да ми изразат сочувство. Тоа се многу љубезни луѓе, политички се лево ориенитирани, не им припаѓаат на десните. Јас одговорив дека не сум изненаден што се јавуваат, бидејќи се тие добри луѓе. Мораме нешто да сториме“.

Мохамед не бара премногу. Тој се грижи за децата, мора да биде можно мирно да можат да минат преку улицата, да одат на училиште или на факултет. Тој самиот не би се осмелил да отиде во ортодоксните еврејски населби.

Spannungen zwischen Israelis und Palästinensern
Мохамед Абу КедаирФотографија: DW/B. Cunningham

Тензиите се зголемуваат

Мохамед смета дека напнатата состојба меѓу Евреите и Палестинците е полоша отколу за време на првата и втората интифада. Како одмаздата да виси во воздух, вели тој: „Секој сака да се одмазди. Вчера во еден весник прочитав за илјадници израелски војници кои сакаат да се одмаздат. Не може да се верува какви дискриминирачки изјави има - тоа е лудо! Ниту во првата, ниту во втората интифада не доживеав таква омраза, непријателство и промена на ставот“.

Дали тој гледа опасност од трета интифада? Повеќето луѓе, смета тој, не го сакаат тоа. Тие сѐ уште се трауматизирани од втората интифада, која траеше до 2005 година. Доколку би имало трета интифада, таа би била многу полоша, стравува тој. Тогаш секој би бил погоден „дури и умерените, оние кои никогаш не би учествувале во такви акции - на двете страни“. Состојбата се промени, „само на полошо“, вели Мохамед. „Луѓето се чувствуваат угнетени. Сѐ зависи од израелската влада“.

Каде се Европејците?

Соединетите Држави, долго време близок сојузник на Израел, сега испратија сочувство до Палестинците, поврзано со строго предупредување од пртседателот Барак Обама до сите страни „да не се преземаат чекори, кои би можеле натамошно да ја дестабилизираат ситуацијата“.

Мохамед посакува пред сѐ поголем ангажман на европските политичари. Тој, имено, е убеден дека Европа има поголемо влијание врз Израел отколку САД. „Европеците би можеле да побараат од Израел да се воздржи од насилство. Позицијата на европските држави секогаш била подобра отколу американската. Од САД не сакаме ништо да чуеме. На Палестинците итно им е потребна сопствена држава.“

Човечка болка и економски штети

Шуафат, инаку жива населба со многу продавници и возови полни со работници, се промени. Возовите веќе не возат, зградите се многу оштетени, улиците полни со шут и сите продавници се затворени.

Погодени се сите луѓе кои живеат овде, вели Мохамед. „Ова ќе биде многу скапо - за општината и за владата, која можеби некогаш ќе го поправи ова.“ Да се уништат згради и да се оштетува нешто што е во туѓа сопственост не е патот да се решат проблемите, вели тој. „Она што нам ни е потребно е солидарност. Мораме заеднички да маршираме, потребни ни се плакати и слогани, а не гнев, кој уништува.“