Терористичката милиција „Исламска држава“ плаќа илјадници борци, располага со модерно оружје и се финансира како мафијашка организација. Доказ за тоа се документите до кои дојдоа новинарите, а беа објавени неодамна. Интерно, ИД си ја зацврстува власта на териториите кои ги има под контрола, но се чини дека добро се разработени и патиштата нанадвор. По нив доаѓаат нови борци и стока за терористите.