1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трансформацијата на НАТО оди бавно

11 февруари 2005
https://p.dw.com/p/Acvd

Напредок, всушност, по големи напори, има само кај меѓународните сили за заштита во Авганистан. ИСАФ, со дополнителен број војници, може да ја прошири својата мисија на запад од Авганистан. На север и во Кабул, смирувањето на состојбата е успешно, ако притоа се изземе и натаму тешката задача за борба против дрогата, најважната економска гранка во Авганистан.

Постепено, НАТО треба да ги преземе и тимовите за обнова на југ и опасниот лов на терористите и на Талибанците на исток на земјата. Отстапка за САД кои сакаат од Авганистан да повлечат што е можно повеќе војници, за да имаат грб за поважната операција во Ирак. Околу тоа кога треба да се почне со овој чекор, министрите на НАТО не можеа да постигнат согласност. Веројатно ќе се почека уште неколку години, зашто кога не станува збор само за политички изјави, туку и за конкретни контингенти војници, на повеќето европски држави, членки на НАТО, им е тешко.

Германскиот министер за одбрана, Петер Штрук, можеше да ја презентира Германија како урнек. Германија во Авганистан, по САД, има најголем контингент војници.

Мисијата на обука на НАТО во Ирак, посотојано барана од страна на САД и Велика Британија, не напредува вистински. Скромниот број обучувачи кои беа ветени, ни оддалеку не е исполнет. За на американскиот претседател, кој во февруари доаѓа во НАТО да му се даде барем некаков прифатлив подарок како на гостин, министрите за одбрана во Ница се согласија за нова формула: членките на алијансата можат да се решат дали како Германија ќе обучуваат надвор од границите на Ирак. Кој не сака да стави на располагање сопствени обучувачи, може да уплати пари во заеднички фонд. САД тоа го прифаќаат кисело.

Новиот, помирувачки курс во трансатлантските односи не треба да биде загрозен. Американците зад кулиси им се лутат на Европејците кои прво многу ќе ветат, како на последниот самит во јуни во Истанбул, а потоа тоа не го исполнуваат. Американскиот министер за одбрана, Доналд Рамсфелд, очигледно се задоволува со тоа, зашто и натаму опстојува на тоа неговиот концпет ”Сојуз на согласните” да го гради од случај до случај.

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, точно констатираше дека системот на ставање контингенти на располагање и финансирање на мисии треба да биде надминат. Околу тоа, во принцип, сите се согласни, но спорно е како тоа да биде изведено. Меѓу најавените намери и она што навистина се случува има јаз во веродостојноста. Овој јаз, опоменува Де Хоп Шефер, мора итно да биде затворен.

Затоа чуди, што во НАТО веќе се начнати дискусии дали би се преземале натамошни мисии, на пример за обезбедување на мирот на Блискиот исток или во Судан, доколку страните вклучени во конфликтите таму тоа некогаш го посакаат. Министрите за одбрана се жалат дека министрите за надворешни работи постојано измислуваат нови обврски, кои армиите потоа, со нивните кнап буџети, некако мораат да ги реализираат. Така натаму не може, велат дипломати на НАТО во Ница.

НАТО е среде трансформација која делумно е болна, и во која од армија за заштита на татковината треба да се прерасне во сила за интервенција ширум светот. Овој неопходен процес нема да биде завршен уште долго. Тој само бавно оди напред.