1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп со сопствена социјална мрежа

ЕМФ
21 октомври 2021

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го најави отворањето на сопствената социјална мрежа „Truth Social“. Таа треба да ѝ се спротивстави на „тиранијата“ на големите технолошки концерни, вели Трамп.

https://p.dw.com/p/41xOW
USA | US-Republikanertreffen CPAC| Donald Trump hält eine Rede in Florida
Фотографија: Octavio Jones/REUTERS

Тест-верзијата на социјалната мрежа Truth Social (truth - вистина, н.з.) на Доналд Трамп би требало да биде онлајн веќе во ноември, а целосната верзија треба да ѝ биде на располагање на широката јавност на почетокот на наредната година.

„Живееме во свет, во кој талибанците имаат големо присуство на Твитер, но вашиот омилен претседател е замолчен“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, додавајќи: „Тоа е неприфатливо.“

Тој објави и дека ја основал компанијата Media & Technology Group (TMTG), која би требало да излезе и на берзата. Таа треба да е конкуренција на „либералниот медиумски конзорциум“ и да им се спротивстави на компаниите од Силиконската долина, кои својата еднострана моќ ја користат за да ги замолчат опозициските гласови во Америка, вели Трамп. Тој најави дека на Truth Social наскоро ќе ја објави својата прва „вистина“.

USA Twitter sperrt Trump Symbolbild
Фотографија: picture alliance/dpa/Revierfoto

Во текот на својот претседателски мандат Трамп беше многу активен на социјалните мрежи, посебно на Твитер, каде имаше над 88 милиони следбеници. Твитер, како и Фејсбук иЈутјуб му ги блокираа профилите пред крајот на неговиот мандат. Повод беше упадот во Капитол од страна на приврзаници на Трамп и тоа што тој изрази симпатии за напаѓачите. Освен тоа, Трамп и натаму без никаков доказ тврди дека победата на претседателските избори му била украдена со измама.

Тужбите на поранешниот американски претседателпротив технолошките концерни досега немаат успех. Во мај годинава Трамп почна блог со наслов „Од работната маса на Доналд Трамп“, но тој згасна по само еден месец.