1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трагичен крај на една мистериозна шпионска сфера

Зилке Енгел24 ноември 2006

Залудни напори на лекарите - во Лондон почина Александар Литвиненко, поранешен агент на руската тајна служба. Причината за смртта и натаму е загатка

https://p.dw.com/p/AdmT
Литвиненко в болница во Лондон

Лекарите презедоа се’ што е можно за да му го спасат животот на Литвиненко. Сега Скотланд Јард поведе истрага за расветлување на вистинските причини за смртта на некогашниот руски агент, кој живееше во бегалство во Велика Британија. Неговиот пријател Александар Голдфарб претполага дека станува збор за напад со отров, во тоа верувал и самиот Литвиненко. “Потресени сме и вчдовидени од ова страшно злосторство”, рече Голдфарб.

Токсиоклозите и натаму испитуваат со каква отровна материја бил заразен починатиот. Неговата состојба во неделата драматично се влоши, му падна косата и беше префрлен на интензивна нега, каде падна во безсознание. Досега не се потврдија информациите дека телото му било оптоварено и со радиоактивно озрачување.

Скотланд Јард се обидува да ја расветли заднината на мистериозниот случај: дали отровот во телото на поранешниот шпион навистина е внесен за време на ручекот во еден лондонски суши-ресторант на почетокот на месецов? И, пред се’, кој стои зад претпоставениот напад? Пријателите, како и самиот Литвиненко, претпоставуваат дека тоа е дело на руската тајна служба.

Поранешниот шпион беше сметан за остер критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Тој во 200-та година со сопругата и детето пребега во Велика Британија, каде доби политички азил. Во повеќе написи ги жигосуваше корупцијата и кршењето на човековите права во Чеченија, при што, според него, значајна улога играла руската тајна служба. Доколку се покаже дека Москва навистина е замешана во злосторството, тоа би бил прв инцидент од ваков вид од крајот на студената војна.

Смртта на Литвиненко го засенува и денешниот самит меѓу ЕУ и Русија во главниот град на Финска Хелсинки. Рускиот претседател Владимир Путин, наместо за фактичката тема на самитот -подобрување на меѓусебните односи - секако ќе мора да се соочи и со непријатни новинарски прашања за смртта на агентот.