1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Трагата на „багер-мафијата“ води на Балканот

СН/ печат
14 август 2020

„Багер-мафија“, користејќи лажен идентитет, во Германија краде багери, натоварувачи и други градежни машини со тежина до неколку тони. Полицијата обично ги прекинува истрагите, а машините завршуваат на Балканот.

https://p.dw.com/p/3gyCj
Sand- und Kiesabbau mit Radlader
Фотографија: picture-alliance/imagebroker/M. Keller

„Кога 'господин Дамир' во филијалата на компанијата Цепелин во Кобленц порачал багер, личело како да е класичен купувач. Рекол дека машината му е потребна за градилиште во Вестервалд. Цепелин е водечка фирма за изнајмување градежни машини, а со оглед на тоа дека човекот веќе имал отворена сметка како клиент на компанијата, машината била испорачана брзо и без дополнителни прашања.    

По 3 дена една службеничка во фирмата забележала дека нарачателот на багерот можеби е криминалец“, пишува весникот Шпигел во текстот со наслов „Багер-мафија“.

Камион со хрватски таблички

Германскиот весник напоменува дека службеничката од „Цепелин“ ја предупредиле од саксонскиот „Бауцен“. „Веднаш повикала полиција, но кога по еден час полицијата се појавила на градилиштето, веќе било предоцна. Жолтиот багер од 15 тона, кој нов чини 200.000 евра, едноставно исчезнал“.

Повеќе:Банди од Балканот пустошат низ Германија

Еден очевидец подоцна раскажал дека видел како багерот го товарат на нов црвен камион Мерцедес со хрватски таблички. Се работи за професионална банда која „оперира во голем стил“, пишува Шпигел. „Огромни градежни машини, натоварувачи и багери исчезнуваат, а трагите на 'багер-мафијата' водат на Балкан - во Србија, Хрватска и во Босна и Херцеговина“, пишува весникот и додава дека машините прво се складираат во изнајмени хали.

Deutschland Baumaschinen Ausstellung in Neumünster
Фотографија: Imago

„Сторителите менуваат типски ознаки, број на шасии... Транспоротот преку граница го преземаат фирми од источна Европа. Штетите се милионски. Само во Хамбург во последните 3 години изчезнале 16 натоварувачи на Цепелин.“

Кражба на идентитети

„Крадците секогаш имаат иста игра: се претставуваат како обични клиенти, отвораат сметка и официјално изнајмуваат машини. А за да го постигнат тоа, земаат идентитет на угледни компании. И 'господин Дамир' навистина постои, само што тој не ја изнајмил машината“, пишува Шпигел нагласувајќи дека се работи за еден чесен градежен претприемач од Рурската област. Се додава и оти „бандата фрлила око на неговата фирма бидејќи таа има одличен рејтинг“.

Повеќе:Организиран криминал „Made in Balkan“

„Со кражба на идентитетот на почетокот на годината бил погоден и Хајнрих К., сопственик на машиноградба во Минхен (...) Непознати лица на негово име порачале багер и други машини за градежништво во Елмсхорн и во Бармашет, северно од Хамбург. Сѐ исчезнало без трага“, пишува весникот забележувајќи дека „борбата против крадците во оваа бранша е дел од секојдневието“.

„Трка меѓу зајак и еж“

„Градилиштата често се слабо чувани, а јавноста едвај и да забележува што таму се случува. Ретко има сведоци кои виделе осомничени и кои ги пријавиле“, пишува Шпигел со констатација дека техниката би можела да помогне - „надзорни камери и ГПС-уреди“.

„Но тоа ги плаши само крадците кои повремено крадат. Професионалците ги деактивираат и ја попречуваат технологијата.“ Весникот така цитира еден вработен во Цепелин кој вели дека тоа е исто како „трка меѓу зајак и еж“.

Hannover | Fall Maddie Polizei sucht in Kleingarten
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Словенечката полиција реагираше веднаш

Погодените загубија надеж дека полицијата ќе им помогне. „Секако дека пријавуваме случаи“, велат во „Цепелин“, „но службите истражуваат само на локално ниво и секоја започнува од нула“. А притоа постои ист образец што се следи низ целата земја “. Така во Цепелин „се чувствуваат препуштени сами на себе, затоа што скоро сите случаи на истрага се прекинуваат“.

„Сепак, детективите успеаја да им влезат во трагата на неколку машини во Хрватска и во Словенија. Тамошната полиција не се колебаше како Германците и веднаш ги заплени машините. Меѓу нив беше и жолтиот багер од Кобленц, кој сега, како што велат во Цепелин, стои на паркинг долж границата, чекајќи да биде вратен во Германија. „Пред тоа, германските истражни органи мора да ги разјаснат сите формалности - а тоа може да потрае“, заклучува Шпигел.