1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Теророт го погодува во срце турскиот туризам

Уте Валтер/ сн14 јануари 2016

Туризмот е една од најважните економски гранки на земјата. Затоа не зачудува фактот дека по бомбашкиот напад во Истанбул кружи страв меѓу туристичките работници во земјата.

https://p.dw.com/p/1HdeI
Фотографија: Reuters/M. Sezer

Со околу 12 проценти туризмот учествува во Брутодомашниот производ на Турција. Два милиона работни места односно секое 10-то работно место директно или индиректно зависи од туризмот.

Но по смртоносниот напад на почетокот од годинава во центарот на Истанбул во кој загинаа 10 германски туристи, нејасно е дали трендот на раст на туристичката бранша во земјата ќе продолжи

Туристичките работници се загрижени, што најдобро може да се почувствува во расположението во Анталија.

Полека тече секојдневието деновиве, во вообичаено живата туристичка метропола на Средоземното море. Анталија се подготвува за новата туристичка сезона.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Како теророт влијае врз туризмот?

Малкуте туристи во градот не дозволуваат да бидат вознемирени од последните случувања. Тие повеќе се интересираат за знаменитостите во Анталија отколку за ужасните вести од Истанбул.

„Тоа може да се случи насекаде, не само во Турција“, вели германска туристка. Англиски гостин во Анталија пак порачува: „Мора да се биде храбар заедно со сите други и да се продолжи со нормалниот живот“. „Ние Германците честопати го потценуваме тоа дека во иднина ќе бидеме на нишан на терористите , исто како Турција и други земји“, порачува друга германска туристка.

Продавачите на сувенири во Анталија како Музијен Јаџа не гледаат толку опуштено на ситуацијата

„ Во моментов и онака имаме само малку туристи тука. И сега овој терористички напад, тоа ќе не погоди многу силно“, вели продавачката.

Досега во продавницата за облека на модната марка ЛТБ постојано имаше туристи. Но вчера за првпат беше поинаку. Цел ден не влезе ниту еден турист: сигнал за тревога, смета продавачката Незиде Ујсал: „ Во секој случај ќе бидеме погодени, зашто Анталија впрочем живее од туризмот“

Во хотелот Аспен по нападот во Истанбул сѐ уште немало откажувања на резервации. Но управникот на хотелот Исмаил Угурбас веќе еднаш доживеал како гостите брзо можат да изостанат:

„Во минатата година цели групи од Канада, САД и Европа, ги откажаа своите патувања поради бомбашките напади во југоисточна Турција“, вели Угурбас.

Во Анталија се надеваат дека туристите нема да бидат заплашени од терористичкиот напад во Истанбул и оти сепак ќе летуваат во нивниот град.

Уште во минатата година во Анталија дојдоа помалку гости од странство. Прет сѐ изостана руските туристи. По нападот во Истанбул не се чувствуваат непосредни последици. Но на сите им е јасно дека наредната сезона на турската ривиера ќе биде тешка.