1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терор во име на исламот?

Керстен Книп/ Жана Ацеска25 септември 2014

Додека алијансата против екстремистите од „Исламска држава“ врши воздушни напади врз нивните позиции, во арапскиот свет се води дебата за врските меѓу тероризмот и исламот.

https://p.dw.com/p/1DKqn
Фотографија: picture alliance / AP Photo

Катарскиот теолог д-р Јусуф ал-Каравади не е многу одушевен од алијансата против „Исламска држава“, предводена од САД. Тој е исто така против идеологијата на ИД и нивното постапување.

„Но, јас никогаш не би се согласил земјата која треба да се бори против ИД да бидат САД. Тие не се раководат од исламските вредности, туку од свои интереси, па и тогаш кога се лее крв“.

Ова, што 88-годишниот теолог го напиша преку Твитер, предизвика голема возбуда, зашто Ал-Каравади со својата емисија „Шаријатското право и животот“, емитувана на Ал Џазира, е еден од најпопуларните телевизиски проповедници во арапскиот свет.

Ал-Караванди пожнеа согласност, но и остра критика.

„Како треба да го сфатиме Вашиот став, со оглед на тоа што ги гледаме сите злосторства извршени од ИД?“, праша на пример политичкиот коментатор Тарик Алхомајед во дневниот весник „Ал-Шарк ал-Авсат“.

„Дали Ал-Караванди е вистински против „Исламска држава“?

Аргументите како оние од Ал-Караванди се веќе надминати, вели Алхомајед: „Во моментов доживуваме целосно отфрлање на верскиот екстремизам, сеедно дали е сунитски или шиитски“.

Yusuf al-Qaradawi
Јусуф ал-КарадавиФотографија: picture alliance/AA/Munir Zakiroglu

Различни ставови за „Исламска држава“

Поради свирепостите и злоделата кои ги извршува ИД, во јавноста се разви интензивна дискусија за улогата на исламот. Линијата на раздвојување, известува колумнистката Рагида Дергхам во панарапскиот весник „Ал Хајат“, поминува токму во заливските држави во делови меѓу државните врвови и некои приврзеници меѓу населението.

„Владите ја оценија ИД како егзистенцијална закана, додека дел од јавноста ја симпатизира ИД и нејзините мотиви“.

Некои симпатизери на ИД ја гледаат неа како противтежа на, како што се смета, се‘ позаканувачката шиитска доминација.

Исламот и тероризмот

Расцепот оди и натаму, пишува „Ал Хајат“. Тој достигнува дури и до поимањето на исламот: што дозволува, а што забранува тој? Теолошките ставови во овој поглед се дијаметрално спротивни: за мнозинството, исламот не е одговорен за злоделата на ИД, ниту тие имаат врска со него. На една конференција минатата недела во саудискиот град Ријад, некои ја опишаа ИД како оживотворување на „чистиот ислам“, вели Дергхам. Затоа, тие не ја доведоа ИД во врска со тероризам.

Salafisten Berlin Demonstration Flagge Fahne
Фотографија: picture alliance/Wolfram Steinberg

Големи делови од политичките елити меѓутоа имаат сосем поинаков поглед, известува Дерхгам. На средбата, поранешниот кувајтски министер за информации Саад бин Мохамед бин Тефла остро ги осуди оние верски традиции и судски практики на кои сега се повикува ИД.

„Не можеме да кажеме дека овие луѓе немаат ништо заендичко со исламот“, изјави тој, како што пренесува „Ал Хајат“. Неговата логика покажува во колкави размери е проширена дискусијата во арапскиот свет.

„Дали ИД, Хезболах и Муслиманските браќа се претставници на политичкиот ислам? Одговорот е - да: овие групи при своите постапки се повикуваат на постулатите на политичкиот ислам. Затоа е време да се свртиме кон себе и да се соочиме со вредностите на нашата образовна филозофија и педагогија“.

Дискусии за политичкиот приод кон тероризмот

Дискусијата во врска со евентуалната одговорност на исламот во настанувањето на сунитскиот и шиитскиот екстремизам се совпаѓа со време во кое на Блискиот Исток е во тек клучен политички развој. Авионите од алијансата предводена од САД, првпат покрај позициите на ИД во Ирак, ги бомбардираа и оние во Сирија. Воените стратези тоа го оценуваат за неодминливо ако се сака на ИД да и‘ биде зададен решавачки удар. Се‘ додека џихадистите добиваат засилување од Сирија, гласат аргументите на воени стратези, не може да биде победена ни ИД во Ирак. Во алијансата очигледно владее целосно единство во поглед на краткорочната цел-слабеење или дури уништување на ИД. Но, отворено прашање останува натамошниот развој по евентуално уништување на ИД. А прашањето се‘ повеќе ќе влегува во фокусот.

Außenministertreffen der Arabischen Staaten des Golfes in Saudi Arabien
Средба на министрите за надворешниравоти на Заливските државиФотографија: picture-alliance/AP

Веќе на средбата на средината на август во Џеда, министрите за надворешни работи на повеќе арапски земји се договорија серизно и опсежно да се спротистават на „терористичките екстремистички идеологии“.

Дискусиите се од помош токму поради спротиставените позиции, коментира аналитичарката Рагида Дергхам во „Ал Хајат“. Зашто, не е можно да се води успешна војна против ИД само со воени стредства. Потребната поддршка кај населението ќе може да биде обезбедена само со политички средства“, вели таа.