1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тенденции на сепаратизам во Европа

Штефани Хепнер/ А.Трајковска8 април 2014

Владата во Барселона бара референдум за независност на Каталонија - меѓутоа Мадрид сака да го спречи токму тоа. Патот до евентуален референдум ќе биде најверојатно долг.

https://p.dw.com/p/1Bdiq
Фотографија: AP

За ова гласање резултатот однапред е познат: Шпанскиот парламент денеска (8.04.) дебатира за иднината на Каталонија. Каталонската влада имено бара формална дозвола за одржување реферндум за независност на регионот од Шпанија. Меѓутоа се смета за сигурно дека оваа намера ќе биде одбиена со гласовите на двете големи партии, владејачката конзервативна Народна партија и опозиционите Социјалисти.

Во случај да бидат одбиени каталонскиот регионален претседател Артур Мас веќе се закани со предвремени избори, кои би можеле да доведат до „еднострано прогласување независност“. За Кај-Олаф Ланг од фондацијата Наука и политика во Берлин тоа сепак е неверојатно сценарио: „Ако планот биде одбиен, мислам дека е најверојатно дека во Барселона ќе се бара алтернатива, како да им се даде збор на каталонските граѓани со право на глас“, вели Ланг во интервју за ДВ.

Овој научник претпоставува дека каталонскиот парламент по летната пауза ќе донесе закон за испитување на граѓаните во рамките на едно гласање за конкретно политичко прашање, кој фактички би го имал истото влијание како референдум. Веројатноста ова испитување на мислењето да биде прогласено за противуставно е голема. Имено според шпанскиот устав референдум може да органзира само централната влада во Мадрид.

Доколку судиите го одбијат барањето, во Каталонија би можеле да претстојат нови избори, смета Ланг. Но, дотогаш тоа ќе биде „релативно макотрпен процес“. Овој експерт не верува дека оваа година ќе се одржи реферндум. Компромис од страна на Мадрид - на пример за финансиско порамнување или за независност на регионот би можело да ја релаксира состојбата. „Прашањето е меѓутоа кога е предоцна за да се преговара за вакви работи“.

Spanien Katalonien Menschenkette Unabhängigkeit
Човечки синџир во КаталонијаФотографија: Raymond Roig/AFP/Getty Images

Повеќе од половината се чувствуваат како Каталонци

Одамна расте конфликтот за можна независност на Каталонија. Досега кулминација беше постигната во 2012 година. Под мотото „Каталонија, нова држава во Европа“ тогаш милиони граѓани излегоа на улиците. Изминатата година стотици илјади се држеа за рака и формираа синџир од луѓе долг 400 километри. Широко мнозинство на пратеници од владејачките и опозиционите партии ја следат оваа идеја и на последната регионална изборна кампања се заложија за референдум. Но, не само одлуката за гласање, исто така и барањето на независност веќе има мнозинство во парламентот.

Според една анкета на каталонскиот институт за истражување на јавното мислење Centre d'Estudies d'Opinió и мнозинството од населението ја поддржуваат иницијативата за независност. Според оваа анкета 49 проценти од Каталонците се изјасниле дека регионот во наредните години треба да биде независен од Шпанија. Натамошни 19 проценти би биле „повеќе за“. Ако луѓето се прашаат како се чувствуваат, повеќе од половината од неселението се изјаснуваат дека се сметаат за Каталонци, додека 38 проценти за Каталонци и Шпанци. „Она што е впечатливо е што многумина мигранти од втората генерација се гледаат себеси како Каталонци“, вели Јерг Мозе од универзитетот во Минстер, кој се занимава со оваа тема.

Многу региони сакаат да станат независни

Гордоста на Каталонците е многу поврзана со послениот развој. Каталонија привлекуваше во 1970-тите години со работни места и подобри приходи во просперитетниот север. И денес каталонското стопанство е натпросечно успешно. Иако во регионот живеат само 16 проценти од шпанското население, тие придонесуваат со една петина во Брутодомашниот производ и се одговорни за една четвртина од целиот извоз. Шпанскиот финансиски систем меѓутоа предизвикува Каталонија според пресметките на Public Diplomacy Council of Catalonia секоја година да губи од седум до девет проценти од нето заработувачката. Средствата се наменети за посиромашните, но и за други богати региони во Шпанија. Многу Каталонци долго врме се жалат за вака високите давачки за Мадрид.

Mehrheit der Katalanen befürwortet Unabhängigkeit von Spaninen
Мнозинството Каталонци сакаат независностФотографија: picture alliance / AP Photo

Со желбата за независност Каталонците не се единствени во Европа: Пред сѐ економски силните региони, сакаат да се отцепат од земјата кон која припаѓаат, како Јужен Тирол од Италија или Фландрија од Белгија. Честопати тие ги субвенционираат економски слабите делови на земјата. Со економската криза овој развој или желбата за автономија се зголемува. Меѓутоа за експертот за Каталонија Мозе финансиските причини не се одлучувачки. „Мислам дека на многумина им се нанесува неправда“, вели Мозе „за многумина нивниот регионален и национален идентитет е важен, независно од парите“.