1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тврдењето дека Косово е посебен случај, не е ништо друго туку лага

15 февруари 2008

Ова вчера го изјави рускиот претседател Владимир Путин на последното обраќање до нацијата како шеф на државата .Покрај делот за Косово и останатите ставови на Путин привлекоа големо внимание на германските медиуми.

https://p.dw.com/p/D855
Владимир ПутинФотографија: picture-alliance/ dpa

Весникот Франфуртер Алгемајне Цајтунг пишува дека рускиот претседател на својата последна прес-конференција , остро го критикувал планираното прогласување независност на Косово , додавајќи дека подршка за таквиот чин е неморална и нелегална а тврдењето дека Косово е посебен случај е лага. Во весникот уште читаме:

„Косово , одбраната со помош на ракети, Украина , демократијата се сеамо некои од темите за кои вчера говореше Владимир Путин .Тој во таа пригода не пропушти уште еднаш да им се закани на соседните земји Чешка и Полска каде што Американците планираат изградба на својот систем за заштита од ракетни напади. НО таквите времиња се минато. Путин всушност не сака повеќе да се конфронтира со Западот , но во секој случај и натаму ќе работи на тоа , Русија да стане економски посилна. И во тоа треба да му се даде право“ – истакнува коментаторот на весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Вествален Блат –весник кој излегува во градот Билефелд пак за Путин пишува:

„Хемијата меѓу Путин и добро одбраниот кандидат за негов наследник Дмитри Медведев функционира. Медведев имено добро знае кому треба да му биде благодарен за својот напредок. Но соатнува прашањето дали Медведев и Путин и во иднина ќе настапуваат како тандем и ќе ја делат власта или пак таквиот однос сепак ќе претежнува на страната на Путин. И како последна можност секако се чини и онаа дека никој не би требало да се чуди , доколку Путин повторно се врати како претседател на Русија“-читаме во весникот Вествален Цајтунг.