1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Тајфунот „Мангкут“ поопасен од ураганот „Флоренс“

ЕМФ /агенции
15 септември 2018

Супер-тајфунот „Мангкут“ има брзина на ветрот поголема од брзината на ветрот на ураганот „Флоренс“. Пустошот што зад себе го оставаат двете бури е голем.

https://p.dw.com/p/34uQM
Philippinen Taifun Mangkhut
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Marquez

Тајфунот „Мангкут“ стигна до Филипини. Тој има брзина на ветрот од над 200 км на час и со себе носи огромни дождови. Од лизгање на земјиште загинаа двајца спасувачи, а се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Philippinen Taifun Mangkhut
Фотографија: Imago/ZUMA Press/P. Torres

Штетите на североистокот на Филипини се големи - урнати далноводи, откорнати дрвја и покриви, блокирани улици... Во големи делови на земјата има прекини на електричната и телефонската мрежа.

Експертите сметаат дека „Мангкут“ е поопасен од ураганот „Флоренс“ во САД, кој досега однесе пет жртви. Иако ураганот загуби на сила и сега е категоризиран како тропска бура, тој предизвика големи поплави и штети. Метеоролозите во САД сметаат дека за два-три дена ќе наврне толку дожд колку што инаку паѓа за 8 месеци.

USA Hurrikan Florence in North Carolina
„Флоренс“ сега е категоризиран како тропска бура, но останува опасенФотографија: Getty Images/C. Somodevilla

Тајфунот „Мангкут“ поопасен од ураганот „Флоренс“