1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи: Србија заостанува во остварување на договорот

СН/ам/бета13 јули 2014

Премиерот на Косово Хашим Тачи и помошничката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд разговараа денеска во Приштина за Косово, преговорите меѓу Косово и Србија, и за соработката меѓу Косово и САД.

https://p.dw.com/p/1Cc4w
Фотографија: Armend Nimani/AFP/Getty Images

Кабинетот на Хашим Тачи пренесе дека косовскиот премиер рекол оти Владата на Косово во преговорите со Србија за нормализирање на односите „покажала целосна волја и подготвеност за остварување на договорот од 19. април минатата година и сите секторски договори кои ги постигнале двете земји“.

Тачи оценил дека се постигнати конкретни резултати во остварување на договорот, но оти „има застој од страна на Србија во остварување на договорот“, и изразил верување дека, со поддршка на ЕУ и на САД, тој застој ќе се надмине, со придонес кон стабилизирање на односите меѓу Косово и Србија.

Тачи високата претставничка на САД ја известил за парламентарните избори од 8. јуни, и оценил дека тие покажале оти „Косово успешно поминало уште еден тест на демократија, организирајќи фер, слободни и демократски избори на целата територија“.

„Сега со најголеми институционални и политички определби работиме на имплементација на изборните резултати, почитувајќи ја волјата на граѓаните, Уставот и законите на Косово и веруваме дека целиот политички спектар на Косово ќе покаже висока сериозност и политичка зрелост“, рече Тачи.

Косовскиот премиер ја информираше Викторија Нуланд и за определбата на Владата на Косово за спроведување реформи чијашто цел е одржлив економски развој, пред се’ во областа на енергетиката и туризмот.