Тадиќ на Косово
14 февруари 2005За време на посетата на Косово Тадиќ го обезбедуват околу 10 илјади припадници на косовската полициска служба и полицијата на УНМИК кои се под надзор на КФОР. Тадиќ синоќа го повика шефот на УНМИК Јесен Петерсен заеднички да работат врз решавањето на проблемот на Косово. Петерсен од своја страна, по средбата изрази очекување дека срспкиот претседател ќе упати сигнал на готовност на Белград да изгради мостови на доверба, како и надеж дека ќе има можност да разговара со претставниците на сите заедници во покраината. Во денешната изјава во Ораховац, Тадиќ рече дека српскиот народ во покраината е во најтешка ситуација од сите народи во Европа. “Денеска барам помош од меѓународната заедница за да се решат проблемите на Србите и на другите неалбански народи и во оваа порака нема никаква омраза кон Албанците“ изјави Тадиќ и дополни:“Во сите меѓународни разговори повторувам дека за нашата држава независноста на Косово е апсолутно неприфатлива. Би била страшна грешка ако меѓународните безбедносни сили си заминат. Ниту едното, ниту другото, не смета да се дозволат“, рече српскиот претседател кој посетата ќе ја заврши во Косовска Митровица.