1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Супер тајфунот „Раи“ ги погоди Филипини

ЖА
16 декември 2021

Невремето стигна до копното и погоди неколку острови, стотици километри јужно од престолнината Манила. Околу 100.000 Филипинци ги напуштија домовите, засолнувајќи се во повисоките области.

https://p.dw.com/p/44MP4
Philippinen I Taifun Rai
Фотографија: Philippine Coast Guard/AP Photo/picture alliance

Тајфунот „Раи“ ги погоди прво островите Динагат, Сиаргао и Бучас Гранде, околу 700 километри јужно од главниот град Манила. Со брзина на ветрот до 195 километри на час, „Раи“ е најсилниот тафун што ги погоди Филипини оваа година, соопшти метеоролошката служба на јужноазиската островска држава.

Разурнувачката моќ на Мангкут

Претходно околу 100.000 жители ги напуштија своите домови и побараа засолниште во регионите со поголема надморска височина. Тие се сместени во училишта, спортски сали или објекти на управата.

Тропската бура претходно брзо доби на интензитет и сега се движи во западно и северозападен правец. Во повеќе од 20 провинции и области е издадено предупредување поради „Раи“. Бродскиот сообраќај во погодените области е запрен, а авионските компании откажаа бројни летови.

„Раи“ е категоризиран од страна на метеоролозите како супер тајфун и ги погодува  Филипините на крајот на сезоната на тафуни. Најголем дел од тропските бури се развиваат меѓу јули и октомври. Супертајфун во САД е познат и како ураган од петта категорија.

Во светот обично годишно се случуваат пет невремиња со толкава јачина. Филипините годишно во просек доживуваат околу 20 тајфуни. Досега најкатастрофалниот, „Хајан“, во ноември 2013 година однесе преку 6300 човечки животи.