1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судири на рeката Ибар

АТ/ миа/макфакс/бета23 јуни 2014

Повеќемина повредени и приведени е билансот по судирите во Косовска Митровица околу „Паркот на мирот“ на мостот на реката Ибар. Властите повикуваат на смирување на ситуацијата.

https://p.dw.com/p/1CO6N
Фотографија: Esat Ahmeti

Најмалку 20 лицa се повредени, петмина се уапсени, а запленети се четири возила во вчерашните судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите во јужниот дел на Косовска Митровица, соопшти полицијата. Според приштинските медиуми, во судирите меѓу полицијата и демонстрантите се повредени и двајца новинари.

Протестите беа организирани од Албанци од јужниот дел на Косовска Митрoвица поради изградба на т.н. „Парк на мирот“. Албанците се противат на подигнувањето на паркот, кој српските власти од северниот дел на градот го подигнуваат во замена за барикадите од песок и бетонски столбови коишто беа поставени на мостот преку реката Ибар, кој го дели градот на српски и на албански дел. Албанците сметаат дека станува збор за нови барикади во вид на парк со бетонски жардињери, коишто Србите ги поставија на средината од мостот, откако минатата седмица ги отстранија бетонските барикади.

Во соопштение на косовската полиција се наведува дека во протестите учествувале околу илјада луѓе.

Учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и шишиња кон припадниците на косовската полиција и ЕУЛЕКС, кои одговориле со употреба на солзавец и шок бомби.

Јахјага повика на изнаоѓаер мировно решение

Директорот на Канцеларијата за Косово Марко Џуриќ најостро ги осуди протестите во јужниот дел на Косовска Митровица, истакнувајќи дека тие се насочени против мирот, соживотот и стабилизирањето на односите меѓу Србите и Албанците, соопшти Канцеларијата за Косово, јави Танјуг.

Kosovo Albanien Serbien Mitrovica Auseinandersetzungen Ibar Fluss Brücke Blockade
Фотографија: Esat Ahmeti

Претседателката на Косово Атифете Јахјага синоќа, по повод насилните протести, повика за изнаоѓање на мирно решение. Во соопштението, Јахјага нагласува дека било какви обиди за решение со употреба на сила само ја заоструваат ситуацијата и пречат на процесот за нормализирање на ситуацијата во Косовоска Митровица и општините во северниот дел на Косово.

Владата на Косово соопшти дека барикадите на мостот на реката Ибар ќе бидат отстранети и слободата на движење ќе биде гарантирана според законите и Уставот на Косово и во согласност со Бриселскиот договор.

Косовската полиција реагираше на „соодветен начин“ и е во состојба да совлада поголем протест, покажувајќи професионализам и ефикасност, соопшти Кфор.

Во соопштенито се додава дека војниците на Кфор биле распоредени на самиот мост. Командантот на Кфор Салваторе Фарина наведе дека главна цел било да се избегнат меѓуетнички судири и ескалација на насилството.