#dw_ BalkanBooster: Бруцошите и студирањето во пандемија
Образование
Елизабета Милошевска Фиданоска
2 јули 2021
Да почнеш студии без лично да се запознаеш со другите студенти и професорите, без да го вдишеш воздухот во факултетскиот хол, без да присуствуваш на некоја студентска забава... Па, тоа и не е баш некое студирање, би се согласиле многумина. Оваа пандемиска училишна година беше веројатно најтешка за бруцошите. Со дел од нив разговаравме за влегувањето во универзитетските води во време на корона.