1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загриженоста на грчките банки

ард/тагесшау/сн20 јуни 2015

По пропаднатиот самит на министрите за финансии од еврозоната грчките банки се сериозно загрижени. Многу Грци подигнаа големи суми пари. ЕЦБ ја зголеми помошта за да може да ја стабилизира состојбата во земјата.

https://p.dw.com/p/1Fk6F
Фотографија: picture-alliance/dpa

Стравот од „јуриш на банките“ беше причина за свикувањето на кризна седница во Европската централна банка (ЕЦБ). Задолжените за монетарни прашања разговараа за напнатата финансиска состојба во која се наоѓаат грчките банки. На грчките банки итно им се потребни свежи пари но, и по состанокот на министрите за финансии од еврозоната и нерешениот должнички конфликт, се под се’ поголем притисок.

Несигурните штедачи и претприемачи поради незвесноста во врска со продолжување на кризата ги повлекуваат своите пари од сметките во огромни количини. Дел од парите ги префрлаат во странство, а дел останува како заштеда во готовина. Во банкарските кругови во Атина се зборува за тоа дека може да снема готовина и оти многу клиенти сакаат од банкоматите да подигнат многу повеќе отколку што е тоа можно.

Надежи во ЕЛА кредитите

Поради тоа надежите на грчките банки им се насочени кон ЕЦБ и новите т.н. ЕЛА итни кредити (Emergency Liquidity Assistance). Портпаролот на ЕЦБ не сакаше да ги коментира овие информации, но според сознанијата од кругови на ЕБЦ, членови на советот од оваа финансиска институција телефонски разговарале за побарувањата на Грчката централна банка. ЕЦБ во средата одбори зголемување на ЕЛА кредитот за 1,1 милијарда евра што го зголеми задолжувањето на 84,1 милијарди, а кредитите во последните месеци постојано се зголемуваа. Но, помошта нема да биде упатена директно од ЕЦБ туку од националните банки кои ќе гарантираат и во случај на загуба. Но, грантот сепак мора да го одобри Советот на ЕЦБ. Но, ЕЛА кредитите можат да се доделат само на банки кои имаат само привремени проблеми, односно банките би требало да бидат солидни и да се солвентни. А критичарите се сомневаат дека тоа е случај со грчките банки.

Одлука во понеделник?

Ако ЕЦБ ги одобри ЕЛА кредитите, грчките банки би морале одобрените милијарди за ги вратат во релативно кус рок што тие фактички не можат. Доколку пак ЕЦБ не се согласи на зголемување на кредитот, грчката влада би можела да биде принудена, пред да отворат банките во понеделник, да одреди контрола на прометот на капитал за да може во одредени рамки да го задржи одливот на готовина.

ЕУ бара реформи, Атина-отпис на долгови

Шефовите на државите или на владите на државите во еврозоната ќе се обидат во понеделник на вонреден самит да пронајдат решение за должничкиот спор кој во моментов е на мртва точка. Овој состанок би можел да биде последна шанса за напредок бидејќи на Грција на крајот на месецот и’ се заканува инсолвентност.