1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Стотици уапсени на новите протести против Лукашенко

СН/дв
9 ноември 2020

Илјадници луѓе во Белорусија повторно протестираа против авторитарно владејачкиот претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили реагира со водени топови и апсења.

https://p.dw.com/p/3l2PL
Belarus Sonntagsdemonstration in Minsk
Фотографија: Stringer/REUTERS

Белоруската полиција уапси над 800 демонстранти кои бараа повлекување на долгогодишниот  претседател Александар Лукашенко. Групата за зашита на човекови права Весна (Пролет) наведе дека 830 лица, меѓу кои има и новинари и познати личности, се уапсени во Минск и во други градови.

Меѓу уапсените се и освојувачот на сребрен медал на Олимписките игри 2008,Андреј Краученко, двојниот светски шампион во кик-бокс Иван Ганин, некогашната мис на Белорусија Олга Јинкова и познатиот актер Александар Ждановиќ.

Weißrussland Belarus Proteste Polizei Festnahmen
Фотографија: REUTERS

Лидерката на опозицијата, Светлана Тихановскаја, која веднаш по изборите замина во Литванија да избегне апсење, изјави дека на 90 дена од протестите кои не губат на интензитет се покажува оти Лукашенко „загубил легитимитет и моќ“. „Тој не сака да ни' даде право да одлучуваме што ќе се случи во нашата земја“, напиша таа на апликацијата Телеграм.

Повеќе:

-Белоруската опозиција ја доби наградата Сахаров

-Медиумите во Белорусија под зголемен притисок - се помалку странски новинари

-Белорусија: Лукашенко тајно положил претседателска заклетва

Тихановскаја во саботата му ја честиташе победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, додека Лукашенко американските избори ги означи како „пародија на демократијата“ и додаде дека не очекува промена во односот со САД без разлика на победникот на изборите.

Белорусија е погодена со политичка криза од претседателските избори на 9 август, кога ширум земјата започнаа масовни антивладини протести иницирани поради официјалните резултати од гласањето според кои Лукашенко освои над 80 отсто од гласовите.

Weißrussland | Belarus Minsk | Proteste Polizei Festnahmen
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите се украдени.И покрај настојувањето на власта да ги загуши демонстрациите со апсења и со репресија над активистите, масовните протести не запираат ни по три месеци.Лукашенко (66), кој во Белорусија владее со цврста рака од јули 1994 година, со репресија над опозицијата и независните медиуми, ги обвинува западните земји за поттикнување на протестите.