1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Статусот на Косово

29 јануари 2007

Темата Косово е една од главните теми со кои се занимаваат германските весници во денешните изданија.

https://p.dw.com/p/Ae4d

Коментаторот во "Генерал Анцајгер" за извештајот на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари забележува „За мир е потребно време„ Во текстот натаму читаме:

„ Со оглед дека е потребно време, Косово пред се останува српско. Но само мал дел. Поголемиот дел до конечното решение останува под надзор на меѓународната заедница. На планот на Ахтисари не му недостасуваат финеси. Специјалниот преставник на ОН знае дека долготраен мир на Балканот може да се постигне само доколку мирот завладее на Косовоско поле„пишува „Генерал Анцајгер„

Весникот „Меркише Алгемајне„ смета дека во планот недостасува клучниот збор: За независноста никаде не станува збор. До тоа, пишува овој весник, ќе се дојде постепено зад затворени врати доколку останатите држави дипломатски го признаат Косово. Исто така погрешно е одбрано времето. Белград е пред долготраен процес на формирање влада, така што енергично противење би можело да дојде само од една страна, од Москва„ коментира „Меркише Алгемајне„

Весникот „Шпигел„ во својот коментар забележува:

„ Планот на Марти Ахтисари ќе го остави прашањето за покраината формално отворено, а западните земји сметаат дека Косово самостојно ќе прогласи независност. Во строго доверливиот нацрт на специјалниот преставник на ОН е скициран компликуван пат кој, доколку е можно, ќе овозможи Косово без поголема ерупција на насилство до летото да се одвои од Србија„ закључува во коментарот весникот „Шпигел „

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„ ја коментира одлуката на српскиот премиер Восилав Коштуница, кој нема да се сретне со Ахтисари со образложение дека српската влада немала мандат за разговори за Косово. Во текстот во весникот читаме: „ Одлуката на Коштуница, кој со задоволство би останал на функцијата премиер, предизвика многу коментари во Белград. За многумина тоа е доказ дека ниту еден српски политичар не би сакал да се најде под светлото на рефлекторите кога ќе се објави веста дека Косово е изгубено. Коштуница се обидува ваквиот товар да му го препушти на претседателот Борис Тадиќ. Други пак сметаат дека ставот на Коштуница, значи дека Белград го губи влијанието врз натамошниот развој на ситуацијата„ пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг„