1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Статусот на Косово да се реши до крајот на 2006-та

14 септември 2006

Одложувањето на решението за идниот статус на Косово би можело само да го одложи стабилизирањето на состојбите во покраината , процесот на помирување и економското заздравување- порача новиот шеф на мисијата на УНМИК , Јоаким Рикер. Тој вчера пред Советот за безбедност на ОН го поднесе редовниот тримесечен извештај за состојбите на Косово.

https://p.dw.com/p/Adi2
Јоаким Рикер
Јоаким РикерФотографија: ©UNMIK DPI

Шефот на УНМИК , во обраќањето пред Советот нагласи дека статусот на Косово треба да се утврди во текот на оваа година .

Германскиот дипломат нагласи дека во наредните месеци може да се очекуваат тензии на Косово.

Јоаким Рикер повикувајќи се на податоците на полицијата на УНМИК констатираше дека безбедносната ситуација во покраината е стабилна но кревка и оти бројот на етнички мотивирани инциденти е низок.

Тој го повика Белград да го поттикне учеството на косовските Срби во привремените институции во покраината и и порача на српска заедница на Косово дека решението не е во изолацијата туку во интеграцијата .

Од другастрана претставничката на Владата на Србија , Санда Рашковиќ Ивиќ го критикуваше специјалниот пратеник за прашањето на статусот на Косово , Марти Ахтисари поради изјавите за српска вина , истакнувајќи дека всушност албанската страна е таа која не се впушта во преговори , мирно очекувајќи како подарок да добие втора албанска држава на Балканот.

Таа се спротистави на како што ги нарече вештачките рокови во потрагата по решение за косовското прашање истакнувајќи дека секое нервозно забрзување на процесот скапо ќе го чини целиот регион , покраината но и меѓународната заедница.

Спорад шефицата на српскиот координативен одбор за Косово и Метохија , главниот проблем во моментов во Косово е проблемот на безбедноста.

Во вчерашната дебата во Советот се вклучија претставниците на сите пет постојани членки и на некои други земји застапени во највисокото безбедносно тело на Светската Организација .

Поголемиот дел од нив констатираа позитивен напредок во остварувањето на сдемократските стандарди во покраината , оценувајќи дека неопходно да се постигне помирување низ дијалог меѓу двете страни .

Така претставничката на САД Џеки Сондерс ги повика и Белград и Приштина да бидат реалистични и оти и двете страни мора да бидат подготвени на „тешки компромиси“ , со цел процесот на одредување на статусот на Косово да биде одреден до крајот на годинава.