1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Статус кво за Косово во Советот за безбедност

Nedevski, Sime17 јануари 2008

Највисокото тело на ОН синоќа расправаше за ситуацијата на Косово при што повторно беа истакнати разликите кои постојат меѓу Русија од една и САД и Велика Британија од другастрана околу идниот статус на покраината.

https://p.dw.com/p/Cr9F
И косовскиот премиер Хашим Тачи се обрати пред Советот за безбедност на ОНФотографија: AP

На седницата на Советот за безбедност на ОН , на која беше разгледан извештајот на УНМИК за актуелната ситуација на Косово учествуваа и српскиот претседател Борис Тадиќ како и косовскиот премиер Хашим Тачи.
Србија подготвена за преговори, Косово за прогласување независност
Тадиќ во обраќањето пред Советот го повика ова највисоко тело на ОН да донесе одлука за натамошни преговори за идниот статус на Косово , додавајќи:
„Подготвени сме да ги продолжиме разговорите веднаш. Србија е потполно подготвена и има добра воља , како партнер на Советот за безбедност учествува во пронаоѓање на компромисно и одржливо решение кое долгорочно ќе безбеди мир и стабилност на Балканот“ Тадиќ уште порача и дека Србија ќе го брани својот интегритет и суверенитет со сите дипломатски сретства и правни аргумент, притоа потенцирајќи уште еднаш дека Србија нема да употреби сила и воени сретсва во случај на еднострано прогласување независност на Косово. Од другастрана косовскиот премиер Хашим Тачи порача дека Косово ги има поставено темелите за демократска држава . Пред новинарите во Њујорк тој најави дека наскоро ќе биде донесена одлука за независност за која се надева дека меѓународната заедница ќе ја признае за кратко време. Русија ја предупреди ,САД и В.Британија ја подржаа владата во Приштина околу независноста Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин упати остро предупредување до владата на Косово еднострано да не прогласува независност . Еден таков чекор , ќе биде прогласен за неважечки од страна на ОН , бидејќи е во спортивност на повелбата на ОН и резолуцијата 1244 од 1999 година - изјави Чуркин. Тој уште еднаш јасно укажа дека Русија во Советот ќе го употреби правото на вето и ќе го блокира секој обид , независно Косово да биде прифатено од ОН . Доколку Косово се одлучи за еднострани постапки , никогаш нема да биде едногласно признаена членка на меѓународната заедница. САД и Велика Британија наспроти тоа ја потврдија својата подршка за осамостојување на Косово од Србија . Кон рускиот предлог за натамошни преговори за идниот статус на Косово, британскиот амбасадор Џон Соуерс истакна дека тие немаат никаква перспектива . Инаку извештајот за состојбата на Косово на седницата на Советот го претстави шефот на УНМИК, германскиот дипломат Јоаким Рикер . Тој оцени дека косовските институции се подготвени за наредниот чекор во процесот на утврдување на статусот и оти токму од прашањето на статусот зависи спроведувањето на некои стандарди.