1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Старт на мисијата на ЕУ за Косово

Агенции9 декември 2008

Денеска на Косово стартува мисијата ЕУЛЕКС. За почеток околу 1.400 службеници од странство и 500 домашни ќе се обидат да и’ помогнат на новата држава во воведувањето на европските стандарди.

https://p.dw.com/p/GC6a
Шефот на мисијата Ив де Кермабон, опкружен со полициски експерти од мисијата ЕУЛЕКСФотографија: AP

ЕУ треба на Косово постепено да ја преземе одговорноста од ОН, посочи денеска портпаролот на ЕУЛЕКС, Виктор Ројтер. Тој нагласи дека службениците од Германија, Швајцарија, САД, Норвешка, Хрватска и Турција ќе го дадат својот придонес во зајакнувањето на европските стандарди за правната држава на Косово. Мисијата треба да ја постигне конечната големина на пролет, кога според планот ќе брои 1.900 странски и 1.100 домашни експерти.

Kosovo Proteste in Pristina gegen Eulex Plan der UN am 02.12.2008
Протести на Косово против планот на ОН за мисијата ЕУЛЕКС, одржани на 2. декемвриФотографија: AP

Најголемиот цивилен ангажман на ЕУ до сега требаше всушност да почне на 2. декември, но беше одложен поради одбивањето на косовската влада на „планот од шест точки“ на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Во него се нагласува неутралниот статус на ЕУЛЕКС по однос на прашањето на косовскиот суверенитет и се води сметка за условите на Белград. Србија имено, со поддршка на Русија, успеа да издејствува такви услови, со кои практично на владата во Приштина и’ се одзема контролата над српските подрачја на северот. Косовската влада повеќе пати ги отфрли точките од планот, бидејќи се плаши дека со него се овозможува практична сецесија на подрачјата со мнозинско српско население.