1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Српскиот поглед на Германија е претпазлив

23 август 2011

Како на Германија и на Германците гледаат Србите? Дали ја сметаат за пријател или доминираат впечатоците од минатото, од историјата?

https://p.dw.com/p/12LMj
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сликата која постои во Србија за Германија и за Германците е прилично амбивалентна, оценува за Дојче веле историчарот Предраг Марковиќ. Кога зборуваме за Германците како луѓе или за германската цивилизација, сликата е доста позитивна, вели Марковиќ:

„Не постои народ со кој Србите имаат поинтензивни контакти отколку што се Германците, не постојат производи кои се популарни отколку германските“, истакнува Марковиќ.

Но, кога е во прашање односот кон Германија како држава, тој е прилично лош, забележува Марковиќ:

„Не се работи само за историското наследство, лошите спомени се засилени со тоа што во 90-те години германската политика ги поддржа сите народи со кои Србија беше во војна, некои дури и прилично енергично, настрана од ЕУ, како Хрватска и Словенија. Целосно се разликува односот кон Германија како држава и кон Германците како народ и како култура, цивилизација“.

Serbien Bosnien Balkan Versöhnungszug Hauptbahnhof von Belgrad
Фотографија: DW


И граѓаните со црно-бели ставови

Размислувањата на граѓаните на Белград на некој начин го потврдуваат тој амбивалентен став кој постои во Србија во однос на тоа како се доживува Германија денес.

„Германија ја гледам како лидер на оваа нова Европа, која според мене значи економски просперитет независно од воениот аспект. Значи, доминација на ред и дисциплина, како и секогаш“, истакнува еден белграѓанец.

„Германија, колку што гледам, е наш најголем стопански партнер, иако не ми се допаѓа што го призна Косово, иако во голем дел тие го работат она што го прават САД“.

„Од една страна, најзначаен партнер во економска смисла, што е општо познато, но од друга страна, Србите се‘ уште не ја чувствуваат Германија како тотално позитивен партнер“, истакнува друг белграѓанец.

Автор: Ивица Петровиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Е.М.Фиданоска