1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Средби во Брисел на тема Косово

30 ноември 2005

Преговорите за статусот на Косово, како и тоа како на конечното решение ќе влијаат соседните земји е се пожешка тема во меѓународните кругови.

https://p.dw.com/p/AccE
Жозе Мануел Баросо
Жозе Мануел БаросоФотографија: AP

Европската Унија побара ,, конструктивна и умерена улога на Албанија во решавањето на статусот на Косово. ,,Дестабилизацијата на регионот лошо ќе се одрази“ предупреди претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, кој вчера во Брисел му беше домаќин на албанскиот премиер Сали Бериша. Бериша, го повтори ставот на албаската влада дека Косово треба да добие независност во склад со вољата на неговите граѓани, но и дека треба да се почитуваат правта на малцинствата, да се спроведе децентрализацијата и да се вратат бегалците во покраината.

Високиот претставник за надворешна политика, Хавиер Солана, со кого Бериша исто така разговараше, во писменото соопштение нагласи дека ,, го охрабрил албанскиот премиер да продолжи со умерената улога во регионот и во потполност да го поддржи она што го работи специјалниот претставник на Он за Косово Марти Ахтисари.

На прашањето на новинартите дали повторената поддршка на албанската влада за независност на Косово значи умерена улога каква што бара ЕУ, Баросо не одговори директно. Тој рече дека израрзил надеж оти за прашаењето на Косово на усоглсен начин треба да ми пристапат сите страни во регионот„

,, Мислам дека тоа е во нивен интерес. Бидејќи ако дојде до дестабилизација на регионот, тоа ќе биде ложо за Косово, за Србија, за Црна Гора и за Албанија “ рече претседателот на Европската Комисија , нагласувајќи дека целта на сите земји од ЈИЕ е да и се приглиучат на ЕУ.

Додека Баросо и Солана разговараа со Бериша, европскиот комесар за проширување Оли Рен, исто така во Брисел, се сретна со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен.

,, Каков и да биде исходот од преговорите за Косоко, европската перспектива мора да биде јасна,“ нагласи Рен и додаде дека тој процес треба да се одвива паралелно со исполнувањето на стандардите во покраината.

,,Целта на решението е да се создаде миултиетничко Косово и мошне е е важно албанската и српската страна во процесот да имаат конструктивен пристап и на крајот да стапат во дијалог“ , стави до знаење Рен.

Европската комисија на 9 ноември објави документ за европско партнерство меѓу Приштина и Брисел, со цел да се поттикнат реформите во Косово во насока на евроинтеграциитње.