Средба Груевски-Црвенковски
13 јуни 2007Реклама
Денеска во македонскиот парламент се одржа средба меѓу македонскиот претседател, Бранко Црвенковски и премиерот, Никола Груевски. Премиерот притоа го информираше шефот на државата за разговорите со американскиот претседател, Џорџ Буш, водени во неделата во Тирана. Груевски по средбата истакна дека било разговарано и за комплетирањето на Судскиот Совет , што според премиеротт истотака е дел од подготовските за членството во НАТО , што Македонија мора да ги исполни.
Средбата на претседателот и премиерот доаѓа по подолг период. Кохабитацијата меѓу Црвенковски Груевски падна во криза по неколку меѓусебни напади и критики.