1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија испраќа полиција на границата

Б.Георгиевски/б92/миа9 мај 2015

Српското министерство за внатрешни работи испратило дополнителни сили на границата кон Македонија поради инцидентот во Куманово. Официјална Приштина апелира на воздржаност и го осудува насилството

https://p.dw.com/p/1FNLv
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Batev

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ го информирал премиерот Александар Вучиќ дека на границата кон Македонија се испратени дополнителни безбедносни сили, како и дека во Копнената зона е засилено присуството на припадниците на Жандармеријата, јавува Б92, повикувајќи се на извор во Министерството за внатрешни работи на Србија. Стефановиќ разговарал и со македонската министерка Гордана Јанкулоска за актуелната состојба во Македонија.
Српскиот премиер Вучиќ за утре закажал вонредна седница на Бирото за координација на службите за безбедност.
Косовското министерство за надворешни работи апелираше на воздржаност од насилство во Македонија. „Косово остро го осудува загрозувањето на редот и безбедноста од страна на било кој поединец или група со цел дестабилизација на Македонија“. Се апелира до сите страни да се воздржат од насилство и да најдат решение преку политички дијалог во рамките на институциите и на Охридскиот договор кој го гарантира интегритетот на Македонија.
Косовското министерство наведува дека со загриженост ги следи вестите за насилни инциденти од Македонија „на неколку локации со информации за жртви“.