1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија и Косово се договорија за царината и за катастарот

3 септември 2011

Претставници на преговарачките тимови на Белград и на Приштина на најновата рунда преговори во Брисел постигнале договор за царинските печати и за катастарските книги.

https://p.dw.com/p/12SUJ

Србија и Косово  постигнале договор за царината, откако пропаднаа преговорите во јули што доведе до насилства кои се заканија со прекинување на заедничките посакувања да се приклучат на Европската унијата.
На вчерашните преговори во  Брисел, помогнати од Европската унија, претставниците на Белград и Приштина постигнале компромис за царинските процедури односно царинските печати како и за катастарските книги.

Шефицата на приштинската делегација Едита Тахири  по средбата прецизираше дека на печатот ќе пишува „Царина на Косово“, без какви било симболи и оти царинењето и контролата на граничните премини кон Србија ќе ја спроведуваат косовски органи.

Kosovo Delegation Dialog Belgrad Prishtina
Делегацијата на Косово на преговорите во БриселФотографија: DW

Посредникот на ЕУ во разговорите, Роберт Купер оцени дека договорот за царината и за катастарските книги е многу важен, особено за обичните луѓе: „Договорот за катастраските книги е особено важен за секој кој поседува земја, додека царинските печати се битни за секој кој на Косово прави проекти кои сака да ги спроведе во Србија“, изјави Купер по средбата. Тој уште нагласи дека  „работата не е завршена“ и оти се останати уште тешки прашања за решавање како што се телекомуникациите и енергетиката.
Шефот на делегацијата на српската влада Борислав Стефановиќ,  пред новинарите изрази очекување дека по постигнатиот договор во  рок од седум до десет дена Косово ќе го повлече трговското ембарго кон Србија.

 Автор: СН/ЖА/бета/мф

Редактор: Жана Ацеска