Пиштоли под сламарици
12 декември 2016Никој не знае колку илегално оружје имаат граѓаните на Србија. Проценките одат од 200.000 па до околу еден милион парчиња оружје. И уште толку во сопственост на полицијата, војската и приватните служби за обезбедување. Ранг-листите на специјализираните магазини за оружје редовно Србија според број на оружје по глава на жител ја ставаат на тажното второ место, зад САД. Државата со децении е немоќна.
Нема дилеми дека најголем дел од оружјето е дојден од боиштата во 90-те години, едноставно однесен од магацините на ЈНА или паравоените трупи. Сето тоа оружје е многу употребливо, вели Предраг Петровиќ, извршен директор на Белградскиот центар за безбедносна политика. Тоа е жилаво вооружување, не би се користело толку долго по светот да не етолку добро, вели тој за Дојче веле.