1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србите остануваат на барикадите во Косово

27 јули 2011

Локалните Срби и во текот на ноќта останаа на барикадите кои го блокираат пристапот до граничните премини кои беа преземени од косовските специјалци. Состојбата е помирна од вчера

https://p.dw.com/p/124jr
Фотографија: dapd

Ситуацијата на север во Косово синоќа беше мирна, а дел од локалните Срби ноќта ја поминаа на барикадите. Околу 200 Срби и втора ноќ по ред беа на барикадите во местото Рударе во општината Звечан, а како што јави Танјуг, Србите и понатаму го блокираат магистралниот пат кој води кон Рашка и преминот Јариње, додека улиците во Звечан се целосно празни. Во северниот дел од Косовска Митровица не се забележува засилено присуство на косовската полиција и КФОР и ситуацијата е мирна.

Symbolbild Spannung an Grenze Kosovo Serbien Symbolbild ARCHIV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, вчера разговараше со претседателот на Србија Борис Тадиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, при што ја изрази загриженоста на ЕУ поради ескалацијата на тензиите во северно Косово и нагласи дека дијалогот, под покровителство на Унијата е единствен пат за пронаоѓање решение. Косовскиот премиер, Хашим Тачи, пак, на синоќешната прес-конференција истакна дека одлуката на косовската влада за воспоставување на ред и закон на северот на Косово е заснована врз Уставот на земјата.

Во меѓувреме, припадникот на специјалната единица на косовската полиција, кој беше вчера ранет во судирот со Србите кај граничниот премин Брњак, почина синоќа по 22 часот.

Автор: ТТ/дв

Редактор: Симе Недевски