1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србите на Косово ќе учествуваат на изборите само доколку добијат гаранции дека нема независност за покраината

31 август 2004

Српското население на Косово според претседателот на координативниот центар Небојша Човиќ ќе учествуваат на локалните избори единствено доколку контакт групата, која денеска се состанува во Берлин јасно стави до знаење дека нема независност за покраината.

https://p.dw.com/p/Ad5p

Србите според Човиќ ќе учествуваат на изборите само доколку добијат јасно и прецизно ветување за ова прашање кое би го потврдил и Советот за безбедност на ОН. Се друго според него преставува измама и лицемерство.

Шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен кој вчера престојуваше во Белград според Човиќ нема нов предлог, посетата според него преставува обид за притисок врз Србите да излезат на изборите, со што би се верификувал процесот кој води кон независност на Косово

Денеска во Берлин треба да започне работниот состанок на Контакт групата за Косово на ниво на преставници од министерствата за надворешни работи на земјите членки на кој ќе учествува и шефот на меѓународната управа на Косово, Петерсен. На состанокот на контакт групата ќе стане збор за локалната самоуправа и планот на владата во Србија за децентрализација на Косово, за кој според изјавата на Петерсен по вчерашниот престој во Белград контакт групата треба конечно да се произнесе до крајот на неделава.