1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сопругата на осудениот блогер моли за помош

П. Хиле/бг21 јануари 2015

Сопругата на блогерот Раиф Бадави, кој е осуден во Саудиска Арабија на десет години затвор и илјада удари со камшик, ги повика германските политичари преку ДВ да помогнат за негово ослободување.

https://p.dw.com/p/1ENr0
Фотографија: picture alliance/empics

Нејзиниот сопруг и натаму е во затвор во Саудиска Арабија и го очекува следното камшикување. В петок (23.01), Раиф Бадави треба да издржи нови 50 удари со камшик. Неговата сопруга, Енсаф Хаидар е 10 илјади километри оддалечена од него, во Канада, каде има добиено политички азил. Во разговор на ТВ емисијата на арапски јазик на ДВ „Шабаб ток“, таа апелира до германските политичари да помогнат за ослободување на нејзиниот сопруг.

„Се надевам дека германските политичари нема да ме остават на цедило. Мојот сопруг само го кажа своето мислење“.

Гостувајќи во емисијата на тема „Слобода на мислењето во Саудиска Арабија“, Енсаф Хаидар истакна дека нејзиниот 31-годишен сопруг „никого не нападнал. Оној кој мисли дека Раиф ја навредил религијата или авторитетите, нека го докаже тоа“.

Pictureteaser Free Raif

По апсењето на нејзиниот сопруг, Хаидар со трите заеднички деца побарала азил во Канада. Бадави е во меѓувреме осуден затоа што на својот блог и интернет страница „Либералите на Саудиска Арабија“ наводно ги навредувал религијата и саудиските авторитети.

За ослободување на Бадави се залага и организацијата Амнести Интернешнал. За утре се закажани протести пред амбасадата на Саудиска Арабија во Берлин.