1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност ќе расправа за Косово

16 јануари 2008

На отворениот дел на седницата ќе присуствува и српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој најави дека ќе го повтори ставот на Србија дека е против каква било независност. Русија ќе побара продолжение на преговорите

https://p.dw.com/p/CqXo
Советот за безбедност на ОНФотографија: AP
Српскиот претседател Борис Тадиќ воочи патувањето за Њујорк изјави дека никогаш нема да дозволи Србија да се оддалечи од ЕУ, но исто така и од Косово. Патот на Србија кон ЕУ и прашањето за Косово според него се два одвоени процеса. Тадиќ верува дека Србија многу бргу ќе потпише договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, што економски ќе ја засили Србија како напредна и способна држава со меѓународен кредибилитет да ги брани своите интереси на Косово. Србија и натаму инсистира процесот на промена на меѓународната мисија на Косово да се одвива преку советот за безбедност. Премиерот Воислав Коштуница во меѓувреме изјави дека аргументите на Србија против мисијата на ЕУ на Косово се несоборливи и затоа тој смета дека би било добро доколку Унијата се откаже од одлуката за преземање на мисијата на 28 јануари. Косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за грчки медиуми изјави дека тесно ќе соработува со србите во покраината за да останат во своите домови. Независно Косово според него е земја на сите малцинства, вклучително и на српското. Инаку агенциите пренесуваат дека руската делегација во ОН повторно ќе го покрене прашањето за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина за пронаоѓање на взаемно прифатливо решение.