1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово

14 февруари 2008

Седницата ќе биде затворена за јавноста. За Косово денеска пак во Вашингтон генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе разговара со државниот секретар на САД Кондолиза Рајс, а утре и со американскиот претседател Буш

https://p.dw.com/p/D7K4
Лавров: Косово ќе биде опасен преседанФотографија: AP
На седницата на Советот за безбедност на ОН ќе учествува и српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, кој ќе го пренесе силното српско спротиставување на можното прогласување независност на Косово. „Ќе предупредам на последиците од создавањето на овој опасен преседан. Ќе ги повикам членките на ОН да го спречат овој нелегитимен акт кој за сигурна последица ќе има дестабилизација на регионот, “изјави Јеремиќ за денешното издание на Вечерње новости. Запрашан дали повторното обраќање на Србија до членките на Советот за безбедност на ОН би можело нешто да промени до в недела, 17 февруари, Јеремиќ одговори дека напорот до последен момент со сите дипломатски средства да се спречи нелегитимниот чин, нема алтернатива. Тој не сакаше да го коментира исходот од вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, но во секој случај прогласувањето независност на Косово е нелегално кршење на Резолуцијата 1244 и завршниот Хелсиншки акт, па одлуката за независност ќе се смета за правно невалидна. Јеремиќ не очекува дека ЕУ ќе донесе некој акт за признавање на независноста на Косово, а за Србија европската интеграција и натаму останува приоритет. Соодветниот документ за приближување кон ЕУ ќе биде потпишан штом за тоа ќе постојат услови.
Акт кој ќе ги охрабри сеператистите
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров исто така предупреди дека признавањето независност на Косово ќе биде преседан и ќе ги охрабри сепаратистичките стремежи во другите региони во светот, вклучувајќи ги оние во руските граници. Русија ги предупреди САД и ЕУ да не ја признаваат независноста на Косово, која се очекува да биде прогласена в недела.Унилатералното прогласување независност на Косово ќе го подрие меѓународното право, потенцираше Лавров.

►◄