1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со компромис до решението за Косово

Силвера Падори9 мај 2007

Косово беше тема и на синоќешната дискусија на тема “Европа, Обединетите нации и иднината на меѓународните мировни мисии”. Во дебатата која се одвиваше зад затворени врати, а која ја организираа германското МНР, Центарот за меѓународна соработка од Универзитетот во Њу Јорк и Центарот за меѓународни мировни мисии од Берлин, главен збор имаше преговарачот за статусот на Косово Марти Ахтисари.

https://p.dw.com/p/AdfC
Марти Ахтисари
Марти АхтисариФотографија: picture-alliance/ dpa

14 месеци работа во Србија и Косово, 17 разговори во Виена, 26 експертски мисии ... се само дел од ангажманите кои Марти Ахтисари ги имаше во времето откако е задолжен да го изготви предлогот за статусот на Косово. На синоќешната дискусија уште еднаш се слушна определбата - Статусот што допрва ќе го утврди Советот за безбедност ќе мора да биде компромис. Нема веднаш независност! Но нема ни враќање на Косово на Србија. Косово мора да ги исполни стандардите. Меѓународното набљудување би траело најмалку 5 години. Косово ќе мора да се третира како единствен случај кој нема да може да биде копиран. Што ќе се случи, меѓутоа, ако не се постигне договор во Советот за безбедност?

"

Јас не сум ни учествувал во таква диксусија. Моја задача беше да го подготвам предлогот и тоа го направцив. Сега Советот за безбедност треба да одлучи за него. Мојата улога во ова смисла е ограничена. Ќе вложам напори да му помогнам на Советот за безбедност да најде решение! ” - изјави за Дојче Веле Марти Ахтисари, кој околу можното вето на Русија е категоричен:

"

Да не шпекулираме. Јас не учествуивам во такви хипотетички дискусии..”

Синоќешната расправа се поклопи и со изборот на Томислав Николиќ од Српската радикална партија за претседател на Парламентот. Дали ова нема да биде на штета на Србија и преговорите кои се водат околу Косово?

"

Јас секогаш велам дека преговараме со оној што е во владата. Ние нормално не разговараме со Парламентите. Владата е во процес на формирање и им посакувам среќа!” - дополнува Ахтисари. Околу можното радикализирање на Србија, пак, тој коментира:

"

Тоа е работа со која Србија мора самата да се справи. Секогаш настојувам да бидам настрана и да не бидам инволвиран во внатрешната политика на било која земја.. Немам право да мешам, ниту досега сум се мешал. Мора да се преговара со било која влада..

Марти Ахтисари ни одговори и зошто задачите за спроведување на правото и одредбите од предлогот за статусот на Косово би му ги доверил на холандскиот дипломат Питер Фејт?

"

Тој има НАТО и ЕУ искуство, работел на Балканот, успешно ја водеше мониторинг мисијата. Тој е иделаен!