1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија на пат да побара помош од ЕУ?

13 ноември 2011

Словенечките долгорочни државни обврзници на крајот на неделава и првпат од воведувањето на еврото и почетокот на економската кроза во 2008 година, јa преминаа границата од седум проценти камата.

https://p.dw.com/p/139vV
Фотографија: picture alliance/dpa

Преминувањето на границата од седум проценти камата за државните обврзници ги принуди Ирска, Грција и Португалија да прифатат финансиска помош. Минатата недела словенечкиот министер за финансии Франц Крижанич тврдеше дека неговата држава е добро снабдена со извори на капитал и дека до 2014 година не очекува поголеми проблеми.

Познатиот словенечки економист и министер за развој, Митја Гашпари, меѓутоа, ги убедуваше пратениците во парламентот да усвојат интервентни закони и тврдеше дека преминот на границата од седум проценти претставува оценка на финансиските пазари дека Словенија не е моќна да реагира на настанатите состојби. Во своето убедување министерот не беше успешен и парламентот не ги усвои интервентните закони.

Словенија последниот пат на меѓународните финансиски пазари се задолжуваше со камати нешто над пет проценти, а на крајот од неделава купувачите на словенечкиот долг за поголемиот дел од долгорочните обврзници бараа заработувачка од седум проценти.

Автор: ЖА/ЕМФ/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска