1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенечки трупи во Авганистан

14 ноември 2003
https://p.dw.com/p/AdOQ
На почетокот на идната година и Словенија ке испрати свои војници во мисијата на НАТО во Авганистан. Ова е одлучено на вчерашната седница на воениот комитет на Алијансата во Брисел, на која била разгледана можноста, па дури внимателно и препорачано, истиот пример да го следи и Србија и Црна Гора. За таква една комбинација НАТО, сепак,прво треба да донесе начелна одлука, а потоа и да изврши "процедура на проверка". Началникот на Генералштабот на словенечката армија Ладислав Липич, сношти, по седницата на Воениот комитет на НАТО во Брисел соопшти дека Словенија на почетокот на идната година ќе испрати свои војници во мисијата на НАТО во Авганистан.Тој појасни дека Владата во Љубљана веќе разговарала со Канада и Германија, држави со кои Словенија треба тесно да соработува во рамките на меѓународните безбедносни сили во Авганистан, под водство на НАТО.
Претседателот на воениот комитет на Алијансата, генерал Харалд Кујат смета дека " за НАТО во начело е прифатливо Србија со свои сили да учествува во операциите во Авганистан", затоа што учеството на земјите надвор од Алијансата го смеат за корисно во стабилизирањето и зачувувањето на безбеноста и мирот во таа земја. Но, Кујат напомена дека за ова прво треба да се донесе начелна одлука, што засега не е случај. Ваквата одлука, за него, значи дека Србија ќе даде придонес со свои трупи и дека тоа во начело е прифатливо за НАТО. Потоа, ќе следи "процедура на проверка", бидејќи секогаш мораат да се имаат предвид многу строгите услови кога станува збор за ангажирање на трупи во операции на НАТО. "Тие услови мораат да бидат исполнети", вели Кујат и додава дека дури тогаш ќе се види дали трупите од Србија и Црна Гора се способни и подготвени да се вклучат во НАТО мисијата во Авганистан.