1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скоро е неизбежен ангажманот на НАТО во Ирак

21 мај 2004

Во почетокот на мај во Вашингтон со многу помпа се прослави проширувањето на НАТО кон исток. Не случајно, зашто САД очекуваат многу од пораснатиот одбранбен сојуз. НАТО играше важна улога во смирувањето на Балканот, им држи заднина на мировните сили ИСАФ во Авганистан, а многумина американски политичари се надеваат дека НАТО во иднина ќе игра важна улога и во Ирак.

https://p.dw.com/p/AdCX
НАТО наскоро во Ирак?
НАТО наскоро во Ирак?Фотографија: AP

Дали тоа ќе се случи ќе биде решено во следните недели кога американскиот претседател Џорџ Буш ќе присуствува на прославата од 60-годишнината на инвазијата во Нормандија, на самитот на Г-8 и на самитот на НАТО во Истанбул и трипати ќе се сретне со најважните НАТО сојузници.

НАТО веќе сега е ангажирано во Ирак. Логистички го поддржува полскиот регион – решение што датира уште од минатата година. Дали НАТО пошироко ќе се ангажира во Ирак засега е отворено – смета бившиот генерален секретар Џорџ Робертсон. Претпоставка за тоа е усвојување соодветна резолуција на Обединетите нации:

“Ние имавме таква резолуција за акцијата во Босна. На Косово на почетокот не, но и таму единиците за стабилизација беа пратени врз основа на една резолуција на Обединетите нации. Една специјална резолуција беше основата за преземањето на мисијата ИСАФ и сите се согласни дека таква резолуција е потребна и за префрлањето на власата во Ирак на 30 јуни“, вели Робертсон.

Во Њујорк со полна пареа веќе се работи врз таква резолуција. САД посакуваат поголем меѓународен ангажман во ослободувањето на Ирак. Поранешниот министер за одбрана Вилјам Коен:

“Одговорноста не е само во САД, туку и кај другите слободни нации кои гледаат што ќе се случи ако Ирак потоне во граѓанска војна и хаос“.

Коен е оптимист дека и Германија и Франција, противниците на војната, нема да се спротивставт на резолуција што ќе овозможи акција на НАТО во Ирак:

“Она што мора да се случи е следново: американската вада мора меѓу другото, да се согласи со канцеларот Герхард Шредер и со претседателот Жак Ширак. Министерот Јошка Фишер веќе сигнализираше дека Германија поради стабилноста на Ирак и на целиот регион нема да блокира такво решение, иако беше против војната. Тоа е позитивен сигнал врз кој мораме да доградуваме во наредните недели“.

Дека во Ирак се потребни повеќе војници веќе не е прашање. Во неделите пред поскауваниот трансфер на суверенитетот, востаниците веројатно ќе ги засилат нападите. Џорџ Робертсон смета:

“Во секој случај се потребни повеќе војници без оглед каков авторитет ќе имаат ОН и новата ирачка влада. За да се добијат тие сили потребно е ниво врз кое земјите што ќе пратат трупи ќе можат и политички да соодлучуваат“.