1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите погледи вперени кон кинеската економија

Бетина Тома-Шаде/сн7 март 2016

Додека втората по големина светска економија го издава својот план за економскиот раст во наредните пет години, нудиме кус преглед на стопанските перформанси на Кина од глобалната финансиска криза во 2008 година досега.

https://p.dw.com/p/1I8Tw
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Spata

Бројките стануваат сѐ поголеми, грижите исто така. Прво се велеше дека 2 милиона работници во кинеската тешка индустрија би требало да ги загубат работните места, но според најновите податоци би требало да бидат веќе пет или шест милиони. Проблемот гласи: нерентабилни државни претпријатија, кои згора на тоа се презадолжени. Тоа е голем проблем, кој може да дојде поблиску до Европа, отколку што се мисли.

Во 2008 година глобалната финансиска криза се закануваше да ја клекне на колена светската економија.

Погледнете го видео-прилогот на оваа тема:

Каде оди кинеското стопанство?

Но Кина пловеше спроти бурата. Државата купи големи количества суровини, како и машини од земји како Германија... И инвестираше милијарди во инфраструктурата и индустријата. Во рок од пет години кинеските економски остварувања беа двојно зголемени.

Но колку долго Кина може да биде мотор на глобалниот раст?

Стопанскиот бум изгледа веќе е завршен. Земјата произведува премногу челик, цемент и јаглен. И го истоварува вишокот на глобалните пазари.

Кинеската валута исто така претрпе удар. Ставувајќи од крах, многу од најбогатите Кинези ги префрлија парите во странство. Но тоа само помогна да се забрза падот на вредноста на јуанот.

Ситуацијата е загрижувачка. Кина сметаше на стабилен раст и дозволи нејзиниот долг четирикратно да се зголеми на 28 билиони долари. Ако должничкиот меур пукне, ќе го доведе во опасност целокупниот финансиски систем.

И тоа не само во Кина. Крах во втората по големина економија во светот би можел да биде еднакво лош за глобалната економија како и финансиската криза од 2008 година.